Јири Лосман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јири Лосман
Jüri Lossmann 1920.jpg
Лосман на Летните олимписки игри 1920
Лични податоци
Роден(а)4 февруари 1891(1891-02-04)
Кабала, Естонија
Починал(а)1 мај 1984(1984-05-01) (воз. 93 г.)
Стокхолм, Шведска
Висина&100000000000001690000001,69 м
Тежина69 kg (152 lb)
Спорт
СпортАтлетика
Дисциплини10.000 метри, маратон
КлубКалев Талин
Успеси и титули
Лични рекорди10.000 м – 34:05.0 (1924)
Маратон – 2:32:49 (1920)

Јири Лосман (4 февруари 1891 – 1 мај 1984) — естонски атлетичар кој бил специјализиран за трки на долги патеки.

Тој го освоил второто место на маратонската трка на Летните олимписки игри 1920 во Антверпен со резултат од 2:32:49, заостанувајќи 13 секунди зад финецот Ханес Колехмаинен, со што успеал да го освои првиот олимписки медал за Естонија. На Летните олимписки игри 1924 во Париз тој бил знаменосец за својата земја и завршил десетти на маратонската трка.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Лосман започнал да игра фудбал за клубот Меркур пред да се префрли во атлетиката. Тој бил ранет во првата светска војна, но закрепнал и во 1916 година победил на маратонска трка во Талин и на трката на 5000 метри на руското државно првенство. Во 1923 година, тој победил на меѓународниот маратон во Гетеборг, Шведска. Во 1929 година, тој поставил естонски рекорд во трчање еден час и се натпреварувал на маратонот во Антверпен.[1][2]

Покрај трчањето, Лосман работел во фабриката за чоколади Каве во периодот од 1922–36 година, и во 1930. години бил тренер за трки на долги патеки, но без посериозен успех. Во периодот 1942–44 година тој бил спортски администратор во Естонија. Во текот на втората светска војна тој избегал во Шведска пред доаѓањето на советските воени сили. Таму тој работел како златар и занаетчија. Во 1964 година, тој изработил сребрен пехар како подарок од заедницата на естонски бегалци за шведскиот крал Густаф VI Адолф Шведски.[1][2]

Лични рекорди[уреди | уреди извор]

Дисциплина Резултат Место Датум
10.000 метри 34:05 1924 г.
Маратон 2:32:49 Белгија Антверпен, Белгија 22 август 1920

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Jüri Lossmann Olympic Results“. sports-reference.com. конс. 7 October 2012. 
  2. 2,0 2,1 Lossmann, Jüri. Eesti spordi biograafiline leksikon

Надворешни врски[уреди | уреди извор]