Јабланичко Езеро
Изглед
| Јабланичко Езеро | |
|---|---|
| Податоци | |
| Положај: | Босна и Херцеговина северна Херцеговина |
| Површина | 13 км² |
| Должина | 30 км |
| Ширина | до 3,1 км |
| максимална длабочина: | 80 метри |
| Притоки: | Неретва, Рама |
| Острови: | Неретва |
| Надморска висина: | око 202 метра |
| Поголеми градови на езерото: | Јабланица, Коњиц |
Јабланичко Езеро — вештачко езеро на реката Неретва во Босна и Херцеговина. Се простира од Коњиц до Јабланица, низ магистралниот пат M-17.
Езерото е изградено во 1953 година со изградбата на лаковидната брана на Неретва, 5 километри узводно од Јабланица.
Површината на езерото изнесува 13 км², додека пак просечната длабочина 70 метри. Висината на браната е 80 метрси. Езерото е долго 30 километри, широко до 3,1 километар, на надморска висина од 202 метри, при што водостојот осцилира до 25 метри.
Езерото е познато како викенд одморалиште и туристичко одредиште. Богато е со разновидна риба: пастрмка, главатица, стругача, шаран, бел клен итн.
| „Јабланичко Езеро“ на Ризницата ? |