ЈК

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ЈК
Жанрмини серија, историска
Создадена одМарија Аделаиде Амарал
УлогиХосе Вилкер
Мирила Пера
Ванер Мура
Дебора Фалабела
Воведна темаPeixe Vivo - Milton Nascimento
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди47
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување3 јануари 2006 – 24 март 2006
Надворешни врски
Мрежна страницаjk.globo.com

ЈК е историска бразилска мини серија, која е снимана во текот на 2006 година. Серијата го следи животот за еден од најпознатите бразилски политичар Јусцелин Кубитшчек. Дејството е сместено во 50те и 60те.

Синопсис[уреди | уреди извор]

ЈК е мини серија за двете фази од животот за Јусцелин Кубитшчек, од неговото детство па се до смртта. Серијата се раскажува за случки кои го означиле неговиот живот, смртта на неговиот татко Јоао Цезар Оливеира, кој умрел додека Јусцелин бил делте. Потоа, приказната се преселува во времето кога тој бил момче, и ни го покажува неговото заинтересување за медицината, исто така и неговата љубовна состојба, бракот со младата аристократка. Освен тоа, Јусцелин се заплеткува и во политичкиот живот на Бело Хоризонте. Потоа доаѓаме до периодот кога Сара, сопругата на Јусцелин, не се сложува со тоа нејзиниот сопруг да се занимава со политика, како што се занимавал и нејзиниот татко. Оваа тензија доведува до конфликт кој полека се губи во првата фаза на серијата. Во другата фаза на серијата, фамилијата Кубитшчек веќе се навикнала на друштвениот живот на Јусцелин, и приказната се фокусира на неговото политичко определување, и реформите кои ги спроведил во текот на своето владеење како претседател на Бразил од 19561961 година.

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Хосе Вилкер Јусцелин Кубитшчек
Летиција Сабатела Мариса
Алесандра Негрини Џеда
Марилија Габриела Елен дос Сантос

Надворешни врски[уреди | уреди извор]