Ѓорѓи Мишевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорѓи Сотиров Мишевски ( 1912 во Скопје1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште, а потоа изучил занает и работел како механичар. Од летото 1944 година активно ја помагал борбата против окупаторот. Во септември истата година заминал за Китка, каде стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. На 13 ноември, кога бил извршен нападот за ослободувањето на Скопје, учествувал во редовите на бригадата. Во една од многубројните улични борби бил тешко ранет, во близината на скривницата кај тврдината Кале. Бил однесен на лекување во скопската болница, каде подлегнал на здобиените рани. Бил закопан на скопските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 219. На |first= му недостасува |last= (help)