Ѓавол (филм од 1972)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ѓавол (полски: Diabeł) - полски филм од 1972 година во режија на Анджеј Жулавски, кој е и автор на сценариото. Улогите ги играат: Војќех Пшоњак (Wojciech Pszoniak), Лешек Телешински (Leszek Teleszynski), Малгожата Браунек (Malgorzata Braunek), Ига Маир (Iga Mayr), Виктор Садецки (Wiktor Sadecki), Михал Груѕински (Michal Grudzinski), Моника Њемчик (Monika Niemczyk), Ана Пажонка (Anna Parzonka) итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во 1793 година, за време на пруската инвазија на Полска. Јакуб е затворен во еден манастир каде речиси сите присутни се однесуваат како полудени. Неочекувано, него го спасува непознат човек, велејќи му да си оди дома во придружба на една калуѓерка. Јакуб поаѓа на пат за дома при што среќава една театарска група и присуствува на еден бал, а во двете прилики тој е сведок на необични настани. За време на неговото патување, него постојано го следи непознатиот човек. Кога пристигнува дома, Јакуб го наоѓа својот татко како лежи мртов во постелата, а во неговата куќа живее Езекил, кој се претставува како негов брат. Исто така, Јакуб дознава дека мајка му живее неморално во еден дворец во близината. Тој ја посетува мајка си и води љубов со неа, а потоа убива една девојка. Воопшто, под влијание на непознатиот човек, Јакуб извршува уште неколку убиства, и тоа без никаква причина и смисла. Набргу, тој дознава дека неговата жена е премажена за неговиот пријател, а таа се правда дека морала да го направи тоа со цел да го спаси. На крајот, тој и жената се среќаваат во една напуштена тврдина, каде таа умира, Јакуб го убива нејзиниот нов маж во двобој, потоа ги убива и мајка си и Езекил и ја пали својата куќа. Потоа, тој и калуѓерката доаѓаат до едно дрво, каде Јакуб треба да се сретне со непознатиот. Таму, тој непознатиот бара од Јакуб да му ги каже имињата на неговите другари со кои заедно учествувале во заверата против владетелот, а кога Јакуб одбива да го стори тоа, непознатиот го убива. Тогаш, тој ја силува калуѓерката, но таа го убива него по што тој се претвора во црно куче.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]