The Wanted

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

„The Wanted“ („Бараните“) се британски и ирски машки бенд основан во Лондон, Англија. Бендот се состои од Макс Џорџ, Шива Канесваран, Џеј МекГинис, Том Паркер и Натан Сајкс. Нивниот деби-сингл, „All Time Low“ („Севременско Ниско“) беше издаден во јули 2010 година и достигна број еден во Велика Британија за една недела. Нивниот деби студиски албум, „The Wanted“ („Бараните“) , бил издаден на 25 октомври 2010 година и се иcкачија на местото број четири во Обединетото Кралство. Првиот сингл од нивниот втор албум, „Gold Forever“ („Злато Засекогаш“), беше издаден со помош на „Comic Relief“ и го достигна третото место на Британската табела за синглови. Вториот број еден хит на бендот, „Glad You Came“ („Мило ми е што дојде“), беше на врвот на табелата за синглови во Велика Британија две недели, а во Ирска пет недели. Нивниот втор студиски албум, „Battleground“ („Бојно поле“), беше издаден на 7 ноември 2011 година.

Историја 2009-2010: Формирање и The Wanted The Wanted се формирани во 2009 година, преку масовна аудиција од Џејн Колинс, истата жена, која ги состави заедно The Saturdays и Parade. Тие наскоро започнаа да работат на нивниот деби албум со продуценти Гај Чемберс, Тајо Круз и Стив Мак. Нивниот деби-сингл, „All Time Low“, е продуциран од страна на Мак и ко-напишан од страна на Вејн Хектор и Ед Дрјует. Тој беше издаден во текот на летото во 2010 година и дебитираше на местото број еден на табелата за синглови во Велика Британија, останувајќи 17 недели во Топ 40. Вториот сингл на бендот, „Heart Vacancy“, повторно напишан со Вејн Хектор, е издаден на 17 октомври 2010 година. Тој се искачи на второто место на табелата за синглови во Велика Британија. Нивниот самонасловен деби албум е издаден на 25 октомври 2010 година, заземајќи го четвртото место во Велика Британија на табелата за албуми. Третиот сингл од албумот, „Lose My Mind“ („Си го губам умот“), беше изведен на Фактор X и потоа го достигна бројот деветнаесет на табелата за синглови во Велика Британија. 2011-денес: Battleground Во март 2011 година, групата ја започна својота прва водечка турнеја на национално ниво. Турнејата „Behind Bars“ („Зад решетки“) беше во знак на поддршка на нивниот деби албум „The Wanted“ со 16 датуми (настапи во вкупно 16 дена) одржани во театрите во март и април 2011 година. Групата започна со работа на нивниот втор студиски албум во јануари 2011 година. Албумот се карактеризира со кредитирање во пишувањето од страна на групата, Стив Мек, Вејн Хектор, Ед Дрјует, Дајан Ворен и Гај Чамберс. Водечкиот сингл „Gold Forever“ („Злато засекогаш“) беше издаден со помош на Comic Relief на 13 март 2011 година. Тој го достигна бројот три на табелата за синглови во Велика Британија. Во јули 2011 година, групата го објави вториот сингл „Glad You Came“, кој стана нивниот втор број еден хит во Велика Британија, останувајќи на тоа место две недели и шест недели во првите десет во Велика Британија. Синглот исто така достигна број еден во Ирска и остана таму пет недели. Песната, исто така, се појави на табелите во некои европски територии и Австралија. Третиот сингл од албумот, „Lightning“ („Молња“), беше издаден на 16 октомври 2011 и достигна #2 во Велика Британија и #5 во Ирска. На 7 ноември 2011 година, вториот албум на групата Battleground беше издаден во Велика Британија. Тој дебитираше на петтото место во Велика Британија и четвртото во Ирска. Четвртиот сингл „Warzone“ ("Воена зона") е издаден на 26 декември 2011 со музичко видео и радиско деби на почетокот на ноември 2011 година. Во прилог на настапите во Велика Британија, вклучувајќи ги T4 On The Beach, V фестивалот и iTunesFestival, групата го поддржа канадскиот пејач Џастин Бибер во Бразил на 8 и 9 октомври, а исто така ја поддржа и Бритни Спирс на нејзината турнеја Femme Fatale во Manchester Evening News Arena на 6 ноември. На 9 ноември 2011 година, беше откриено од страна на групата дека се планира да се реобјави албумот, вклучувајќи нова песна напишана од Example наречена „Starlight“ и дует наречен „Jealousy“ („Љубомора“) со Американска пејачка, за подоцна да се открие како Барбадос - американска пејачка Ријана. Членови Макс Џорџ Максимилијан Алберто Џорџ, роден на 6 септември 1988, израснал со своето семејство во Манчестер. Пред музиката, тој бил фудбалер во Престон Норт Енд и бил на работ на потпишување на двегодишен договор со нив, додека уште од рана возраст е поддржувач на Манчестер Сити. Претходно тој беше член на Avenue, петочлен машки бенд составен од Џонатан Лојд, Скот Кларк, Рос Кенди и Џејми Тинклер заедно со Џорџ. Тие влегоа во третиот серијал од Фактор X во 2006 година и стигнаа до Louis Walsh's Bootcamp. Но, медиумите открија дека Avenue строго не ги почитуваат правилата, откако потпишале договор со поранешен музички директор на Фактор X. Тие беа банирани од учеството поради нивното професионално претставување наместо специјално да се формирани за учество во шоуто. Avenue признаа дека не успеале да уредно да ги пријават своите ангажмани и Џорџ призна дека "грешката не е на Фактор X" во видеото во кое се прикажува нивната дисквалификација во канцеларијата во Волш. Со приклучувањето на Ендрју (Енди) Браун како член на Avenue како замена на Џејми Тинклер, бендот продолжи да има некој успех надвор од нивните настапи на Фактор X со нивниот деби-сингл „Last Goodbye“ („Последното Збогум“), достигнувајќи #50 на табелата за синглови во Велика Британија. Нивниот нареден сингл е "Can You Feel It?" („Можеш ли да го почувствуваш?“). Avenue се распушти во април 2009 година. Во 2008 година, додека е сеуште член на Avenue, Џорџ се појави гол на насловната страна на британскиот геј магазин AXM "Naked Issue" во знак на поддршка на истражувањето за ракот. Тој е свршен со британската актерка Мишел Киган по средбата со неа во еден од концертите на The Wanted.

Натан Сајкс Натан Џејмс Сајкс, 18 Април 1993, израснал во Абидејл, Глостер, со неговата мајка (која била професор по музика) и помлада сестра. Тој започна да пее на возраст од 6 години и го посетуваше театарското училиште на Силвија Јанг на возраст од 11 години. Тој продолжи да пее како детски пејач, победувајќи на разни натпревари вклучувајќи ги и "Britney Spears's Karaoke Criminals" во 2003 година, како и The Cheltenham Competitive Festival of Dramatic Art, исто така во 2003 година. Тој се појави на ITV's Ministry of Mayhem во 2004 година и го освои проектот Door Youth Project's "Undiscovered Youth Talenhugyt Contest" одржан во Деркер, изведувајќи ја "Mack The Knife" и настапуваше на музичкиот натпревар "Live and Unsigned" во Бристол во 2008 година. Сајкс се обиде да ја претставува Велика Британија во Јуниорската Евровизија 2004 која одржа во Лилехамер, Норвешка. Во финалето на британските квалификации, тој ја пееше “Born to Dance” ("Роден да танцува") завршувајќи на трето место, по победникот Кори Спединг и второпласираниот Ендрју Мери.

Шива Канесваран Шива Канесваран, роден на 16 ноември 1988 година, израснал во Ирска со неговите Шри Ланка - Тамилски татко, ирска мајка, брат близнак Кумар и шест други браќа и сестри. Канесваран започна со манекенство на 16 години и се појави во различни реклами и склучи договор со Storm Model Management. Канесваран учествуваше во Rock Rivals (Рок Ривали), појавувајќи се во осум епизоди помеѓу 5 март и 23 април 2008 година. И неговиот брат учествуваше исто така. Канесваран ја играше улогата на Карсон Кумбс и неговиот брат онаа на Калеб Кумбс. Браќата исто така се појавија на кратко и во една епизода на Uncle Max (Чичко Макс). Епизодата "Вујко Макс игра тенис" се емитуваше на 11 јули 2008 година. Канесваран бил забележан преку неговите манекенски кампањи и регрутирани како резултат на групата. Тој е помлад брат на поранешниот член на Dove и поранешен Popstars: натпреварувач на The Rivals, Хазел Канесваран. Тој е моментално во врска со Нариша Меккафри четири години.


Џејмс МекГинис Џејмс "Џеј" МекГинис, роден на 24 Јули 1990, израснал во Њуарк, Нотингемшир. Тој го посетуваше Римокатоличкото училиште Света Троица (Holy Trinity Roman Catholic school) во Њуарк. На возраст од 13 години, МекГинис отиде во училиштето за танц Шарлот Хамилтон (Charlotte Hamilton School of Dance). Тој има не-идентичен брат близнак Том и тројца други браќа и сестри.

Том Паркер Томас "Том" Ентони Паркер, роден на 4 август 1988 година, израснал во Болтон. Паркер научил да свири на гитара на возраст од шеснаесет години по испробувањето на онаа на неговиот постар брат. Потоа отиде на аудиција за Фактор X, но не го помина првиот круг. Тој се запиша на Manchester Metropolitan University и студираше географија, но се отпиша поради потрага по професионална пејачка кариера. Паркер се придружи на бенд за почит на Take That, познат како Take That II и одржа турнеи низ Северна Англија, пред да влезе во The Wanted во 2009 година. Тој е во врска со Келси Хардвик.

Дискографија • The Wanted - Бараните (2010) • Battleground – Бојно поле (2011)

Турнеи Турнејата „Behind Bars“ („Зад решетки“) е првата театарска турнеја на бендот која се распродаде за неколку недели откако запожна со продажбата. Турнејата започна на 26 март 2011 година и заврши на 15 април. Турнејата обиколи 12 различни градови со вкупност од 16 датуми. На петок, 16 декември 2011 година, беше објавено дека групата ќе направи прва Американска турнеја, со 10 датуми кои треба да бидат одржани во текот на јануари и февруари 2012 година. The Wanted објавија дека ќе ја направат својата прва аренска турнеја во Велика Британија и Ирска во февруари и март 2012 година.