Ријана

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ријана
Rihanna

Ријана за време на нејзината Last Girl on Earth турнеја во Њу Јорк, 2010.
Биографски податоци
Родено име Робин Ријана Фенти
Познат(а) и како Ријана
Роден(а) 20 февруари 1988 (1988-02-20) (26 г.)
Потекло Св. Мајкл, Барбадос
Жанрови Поп, Р&Б, Реге
Занимања Пејачка
Период на активност 2005 – сѐ уште
Издавачи Def Jam Recordings
Мреж. место Официјален веб-сајт
Rihanna-signature.png
Потпис

Робин Ријана Фенти (англиски: Robyn Rihanna Fenty), попозната само како Ријана (р. 20 февруари 1988 во Сент Мајкл, Барбадос) — барбадоска пејачка. До својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

Во 2005, Ријана го издава нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успева да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200 (албум табела) и го содржи доминантниот Билборд Хот 100 хит „Pon de Replay“. После нецелосна година го издава и вториот студиски албум, A Girl Like Me (2006), кој се искачува во топ пет на Билборд 200, а од него произлегуваат првиот американски број еден сингл на Ријана, „SOS“, како и двeтe топ десет песни „Unfaithful“ и „Break It Off“. Третиот студиски албум Good Girl Gone Bad (2007) е досега нејзиниот најуспешен албум, кој успева да се искачи на втората позиција на американскиот Билборд 200. Албумот содржи пет топ десет хитови, вклучувајќи ги американските број еден „Take a Bow“ и „Disturbia“, како и интернационалните „Umbrella“ (нејзиниот најзначаен сингл) и диско химната „Don't Stop the Music“. Албумот беше номиниран за 9 Греми Награди, успевајќи да ја освои наградата за Најдобра рап соработка за „Umbrella“, која е соработка заедно со Џеј-Зи. Нејзиниот четврти студиски албум, Rated R го издава во ноември 2009 и успева да ја достигне четвртата позиција на Билборд 200. Првите три издадени синглови „Russian Roulette“, „Hard“ и „Rude Boy“ стигнаа до топ десет на Билборд Хот 100, со тоа што „Rude Boy“ се искачи на врвот и остана таму за време од пет напоредни недели. Loud, петтиот студиски албум на Ријана е издаден во ноември 2010. Во него се вклучени интернационалните хитови - „Only Girl (In the World)“, „What's My Name?“ и „S&M“.

Ријана има продадено повеќе од 28 милиони албуми и 100 милиони песни на светско ниво,[1] со што ја прави еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња. Таа има десет број еден песни на американскиот Билборд Хот 100, од првото нејзино појавување на табелата на 11 јуни 2005, што е најголем број на хитови што некој изведувач успеал да го достигне за толку краток период.[2] Од 18 март 2011, Рихана има продадено околу 6 милиони албуми и 28 дигитални синглови во САД.[3][4] Исто така има продадено и околу 10 милиони плочи во Велика Британија. Магазинот Билборд ја назначи Ријана за дигитален артист за изминатата декада (2000-тите).[5] Ријана има и билион гледања на нејзините видеа на YouTube, со што стана само четвртиот артист да го достигне тоа.[6] Има земено неколку награди, вклучувајќи две Светски Музички Награди за 2007 година (Најпродаван женски музичар и Најдобар женски соло артист).[7] Има добиено четири Греми Награди, четири Американски музички награди и 15 Билборд музички награди. Таа е еден од културните амбасадори на Барбадос.[8]

Биографија[уреди]

1988-2004: Ран живот и првите почетоци[уреди]

Ријана е родена во Свети Мајкл, Барбадос на 20 февруари 1988, во семејството на Моника, сметководител по струка и Роналд Фенти, супервизор во складиште.[9] Нејзината мајка, родена во Гвајана, е со африканско-гвајанско потекло, додека нејзиниот татко е со баханско и ирско потекло.[10] Таа е најстара од трите деца на семејството; има и двајца помлади браќа, Рореј и Рајад Фенти.[11] Таа почнала со пеење кога имала околу седум години. Таа имала доста „болно“ детство, поврзано со зависноста од кокаин на нејзиниот татко, и кршливиот брак кој тој го имал со нејзината мајка кој завршил кога Ријана имала само четиринаесет години.[9] Таа одела во Чарлс Ф. Брум Меморијалното училиште, основно училиште во Барбадос, а подоцна и во Комбермер, каде што на петнаесет години формирала музичко трио со нејзините соученички.[11] Во 2004 година ја освоила титулата мис на Комбермер.[12] Била кадет во армијата на Барбадос каде што Шонтел била нејзин предводник.[13]

Во 2003 година, пријателите на Ријана, ги претставиле неа и нејзините две другарките од триото пред музкичкиот продуцент Евен Роџерс, кој во тој период престојувал на одмор во Барбадос заедно со неговата жена. Роџер после аудицијата изјавил дека: „Во минутата кога Ријана влезе во собата, другите две девојки како и да не постоеја“. За време на аудицијата, Ријана испеала кавер на „Emotion“ на Destiny's Child.[11] Веќе следната година, Ријана и нејзината мајка се упатиле кој домот на Роџерс во Стемфорд, Конектикат. За кратко време откако наполнила шеснаесет години таа се преселила во Соединетите Држави за да живее заедно со Роџерс и неговата жена. Карл Стуркен и помогнал да сними четири демо песни,[14] вклучувајќи ја баладата „Last Time“, кавер на песната на Витни Хјустон „For the Love of You“, како и песната која што стана и нејзиниот прв светски хит „Pon de Replay“. Песните биле испратени до различни продукциски куќи. Ријана ги снимала само за време на летото и Божиќните празници, затоа што сеуште одела на училиште. Нејзините демо песни, стигнале и до Def Jam, каде што била поканета на аудиција од страна на тогашниот директор на продукцијата Џеј-Зи, по што веднаш го потпишала договорот.[12][15]

2005-2006: Music of the Sun & 'A Girl Like Me[уреди]

Music of the Sun“ е првиот албум на Ријана. Тој беше објавен на 30 август, 2005 година. Од него понатаму беа објавени повеќе синглови, а прв сингл е Pon de Replay. Овој сингл беше објавен на 11 октомври, 2005 година и стигна на второто место во 100те американските најдобри и во англиската музичка индустрија. Овој сингл исто така доби голем број на први награди поради добрата побарувачка за нејзината песна на радио. Овој сингл беше напишан од самите Карл Стуркен и Ивен Роџерс, заедно со самата Ријана. Од списанието Rolling Stone беше опишан како едно од најдобрите дела на мешавина на реге со удари со дланки, синкопиран ритам и вид повикување на џез. Сепак, без разлика на успехот од маркетингот и рекламирањето на Pon de Replay, самиот албум немаше толкав успех и од списанието Rolling Stone беше оценет со 2,5 звезди од 5, и беше опишан како албум на кој му недостасува мудрост, генијалност. Откога беше објавен, албумот стигна до најдобрите 10 во САД и Канада, добивајќи златно уверение од RIAA - Recording Industry Association of America (македонски: Снимачка индустриска асоцијација на Америка) за продажба на 500,000 примероци. Исто така, доби и неколку платинумски награди за продажба на околу два милиони примероци во сите држави низ светот. За понатаму да го промовира својот албум, Ријана пееше на отварањата на концертите на американската поп ѕвезда Гвен Стефани.

Вториот сингл, If It's Lovin' that You Want беше значително помалку успешен од неговиот претходник, и неговиот највисок пласман на 100те американските најжешки беше 36тото место, и 11ето во Велика Британија. Нејзиниот трет сингл беше "Let Me", кој беше објавен само во Јапонија, стана огромен хит и стигна до осмото место на плеј листите.

Кога AskMen Magazine ја прашаа Ријана за природата на самиот албум, таа изјави дека бил објавен премногу брзо откога ја пронашле во нејзиниот дом како девојка од мало место, кое се преселило во голема држава и дека нејзиниот втор албум ќе биде објавен малку покасно потоа, за да може да покаже дека за времето поминато во земјата пораснала доволно брзо за да објави уште еден албум.

Важно за овој албум е дека уште во првата недела од неговото објавување, беа продадени неверојатни 69 илјади копии, што за деби албум на било кој пејач е одлично. Ова докажува дека кариерата на Ријана ќе биде блескава. Моментално овој албум има продадено над 600 000 копии.

Ријана за време на Good Girl Gone Bad Tour, ја изведува „SOS“, од албумот A Girl Like Me

Во 2006 година, Ријана учествуваше на неколку големи рекламни договори, вклучувајќи ги Nike и J.C. Penny. Таа во продажба го пушти нејзиниот втор албум, „A Girl Like Me“, во април 2006 година; нешто помалку од 8 месеца од промоцијата на првиот албум. Албумот дебитираше на петтото место во САД и на четвртото во Велика Британија. Водечкиот сингл „SOS“, беше употребен во нејзиниот рекламен договор со Nike. Оваа песна стана првата песна на Ријана која се качи на првото место на американските топ листи, вклучувајќи ја и листата на најжешките 100. SOS се искачи на највисокото место и во Австралија, и на второто место во Велика Британија. Вториот сингл, со име „Unfaithful“, напишан од Р&Б пејачот Не-Јо, ги посочува чувствата на вина што ги има актерката на песната која го изневерува своето момче. Песната стана нејзината трета топ 10 песна во САД и Велика Британија. Третиот сингл, We Ride, не беше толку успешен како и неговите претходници, и не успеа да се пласира на најжешките 100 во САД, но сепак, стана нејзиниот петти сингл кој стигна до најдобите 20 во Велика Британија, каде што стигна до седумнаесеттото место. Стигна и до првото место на американската листа за најдобри Dance Club Play. Нејзиниот четврти сингл од овој албум, "Break It Off", кој го испеа заедно со Шон Пол, се качи на четириесет и петтото место само од едно пуштање во живо. Кога песната беше пуштена во продажба како дигитална снимка, на 19 февруари 2007 година, веднаш скокна од 52то место на место број десет, а потоа стигна и до деветтата позиција.

Вкупно, Ријана има 11 различни први места на топ листите, и огромен успех на листата на Hot Dance Club Play, со четири први места и тоа: "Pon de Replay", "SOS", "Unfaithful" и "We Ride". Кога Ријана доби нова понуда за рекламен договор, од Clinique, таа снимаше песна напишана од Не-Јо со име Just Be Happy, како дел од договорот за промоција на нивната Среќна Арома. Песната можеше да биде слушната и од нејзината страна на MySpace.

Ријана го направи нејзиното деби како глумица во кратката улога која ја имаше во Bring It On: All or Nothing, која беше промовирана на 8 август, 2006 година. Ријана исто така се појави во епизода на Американската сапуница All My Children и драмата Las Vegas.

2007-2008: Good Girl Gone Bad[уреди]

Ријана во текот на Glow in the Dark турнејата во 2007.

Ријана влезе во студио на почетокот на 2007 година заедно со Не-Јо, Stargate и Тимбаленд, помеѓу другите со кои го сними нејзиниот трет албум, „Good Girl Gone Bad“. Албумот беше објавен на 5 јуни, 2007 година. На албумот се вклучени дуети со Џеј-Зи и Не-Јо. Првиот сингл од албумот „Umbrella“, беше реализран на 29 март, 2007 година, и го освои светот. Овој сингл ги завзема првите места во многу држави ширум светот, а во Велика Британија беше на прво место дури 10 редни седмици. Тоа беше сингл кој најдолго успеал да се задржи на првата позиција толку долго време, после синглот на „Wet, Wet, Wet“, именуван како „Love is all around“, назад во 1994 година, и синглот кои најдолго бил на прво место, а бил изведуван од женско, Витни Хјустон, „I Will Always Love You“, кој исто така после 10 седмици на врвот во 1994 година падна. Овој сингл беше произведен од Кристофер ”Шегобиецот” Стјуард и Териус ”Сонот” Неш. Нејзиниот втор сингл од албумот, „Shut Up and Drive“, беше испратен до радио станиците на 5 јуни, 2007 година, досега стигна до број 15 на светските листи. Нејзиниот трет сингл, „Don't Stop the Music“, имаше премиера на Американската телевизија “Bet”, во емисијата „106 & Park”, на 2 јули, 2007 година, а беше реализиран само во Канада и Велика Британија. Нејзиниот четврти сингл „Hate That I Love You“, заедно со Не-Јо, беше објавен на 21 август, 2007 година, и го достигна одличното деветто место на Американската топ листа, а со тоа стана и шестиот Топ 10 хит на Ријана. Подоцна оваа песна беше препеана и на шпанглиски од страна на самата Ријана и латинската поп-ѕвезда Давид Бизбал. По овој сингл излезе и релоад издание на албумот насловено како „Good Girl Gone Bad:Reloaded“. Од ова издание на албумот беа реализирани два сингла како петти и шести сингл од целиот албум насловени како „Take a Bow“ и „Disturbia“ кои се едни од ТОП 5 хитовите на Ријана кои се наоѓале подолго време на светските топ списоци на самиот врв. Како последен сингл од албумот беше реализирана песната „Rehab“ во која мал дел зазема и Џастин Тимберлејк.

Ријана работеше на овој албум заедно со Тимбеленд, и тоа на три песни. Џастин Тимберлејк и е придружен вокал во „Rehab“ и и помагаше во пишувањето на песните. Во многу интервјуа со Ријана, таа беше прашувана за името на нејзиниот албум, за причината која тој така се вика. Нејзиниот одговор беше дека името ја симболизира старата Ријана и новата Ријана. Нејзиниот одговор беше:

Да бидеш лош значи дека си кул, значи дека си фанки, лошо значи да имаш однесување, да бидеш лош значи да бидеш стегнат. Овој албум е дефинитвно голем показател која сум јас сега и каде стојам со мојата кариера.


Седум седмици одкако албумот беше објавен, тој стана злато во Соединетите Држави и во листата на „Обединетите светски албуми“.

Исто така во 2007 година, Ријана ја доби првата награда за најдобра поп пејачка, и наградата за забавувач на годината од светските музички награди во 2007 година. На 18 ноември, 2007 година, таа ја доби и наградата за најпопуларна Р&Б пејачка, на светските музички награди.

Со почеток од 12 септемвтри, 2008, Ријана ја имаше нејзината турнеја низ целиот свет со име како и нејзиниот последен албум, Good Girl Gone Bad Tour, турнеја. Гостин на оваа турнеја беше Акон, но само во Канада.

Најважно за овој албум е тоа што тој не доби ниту една критика. Ретко кога некој албум на врвот од светските топ списоци е „перфектен” во поглед на критичарите. А овој албум за нив беше токму таков.

2009-сегашност: Семејното насилство и „Rated R[уреди]

На 8 февруари, 2009 изведбата која Ријана требаше да ја има на Греми наградите 2009 беше откажана. [16][17] Подоцна се појавија извештаи во врска со наводна кавга со нејзиниот тогашен дечко Крис Браун кој беше уапсен под сомневање за изработка на криминални закани.[18]На 5 март, 2009, Браун беше обвинет за напад и кривични закани против Ријана.[19][20] TMZ.com објави слика на која се гледаат повредите кои Крис и ги нанел на Ријана. Случајот пројде со голем број на интриги и приказни од кои дел упатени во корист на Ријана, а други на Браун. Откако ја сфати неговата вина Браун јавно излезе и кажа дека се чувствува виновен поради штетата која и ја нанел на неговата сега поранешна девојка и дека сака да му прости. Меѓутоа Ријана во интервју за 20/20 околу полагодина по несреќата изјави дека не може повеќе никогаш да му прости. Како и да е случајот излезе на суд и на 22 јуни, 2009 година. Поради признавањето на вината од страна на Браун тој беше осуден само на пет месеци условна работа и забрана за приближување до Ријана на неколку метри.[21]

Ријана соработуваше со Џеј-Зи и Кејни Вест за песната „Run This Town“[22]. Песната се искачи на втората позиција на Billboard Hot 100, а истотака стигна и до ТОП 5 во десет земји. Таа се појави на насловната страна на Италјанскиот Vogue.[23]

Дискографија[уреди]

Ријана во Бризбенската Арена во 2009.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Ријана.

Албуми[уреди]

Синглови[уреди]

Награди и номинации[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Biography: Rihanna on German MTV“ (на German). MTV. 22 октомври 2010. http://www.mtv.de/music/127995-rihanna.html/bio. 
  2. Trust, Gary (20 април 2011). „Rihanna's 'S&M' Reigns on Hot 100, Lady Gaga's 'Judas' Debuts“. Billboard. http://www.billboard.com/#/news/rihanna-s-s-m-reigns-on-hot-100-lady-gaga-1005144922.story. конс. 20 април 2011. 
  3. Gary Trust. „Ask Billboard: Beyonce Vs. Gaga Vs. Rihanna“. Billboard.com. http://www.billboard.com/column/chartbeat/ask-billboard-beyonce-vs-gaga-vs-rihanna-1004094563.story#/column/chartbeat/ask-billboard-beyonce-vs-gaga-vs-rihanna-1004094563.story. конс. 25 март 2011. 
  4. „Lady Gaga Beats Out Rihanna and Taylor Swift for Digital Sales Record“. AOL Music. 18 март 2011. http://music.aol.com/blog/2011/03/18/lady-gaga-beats-out-rihanna-and-taylor-swift-for-digital-sales-r/. конс. 20 март 2011. 
  5. Up for Discussion Jump to Forums. „Digital Songs Artist of the decade“. Billboard.com. архивирано од оригиналот на 28 јули 2012. https://archive.is/NEqY. конс. 29 јули 2010. 
  6. Steven J. Horowitz. „Rihanna Amasses a Billion YouTube Views“. AOL Music. http://www.theboombox.com/2011/03/02/rihanna-amasses-a-billion-youtube-views/. конс. 5 март 2011. 
  7. The Associated Press. „List of Grammy winners in major categories“ (конс. 17 февруари 2011).
  8. „Rihanna Honoured“. 25 февруари 2008. архивирано од оригиналот на 16 јуни 2008. http://web.archive.org/web/20080616110630/http://www.umusic.co.uk/news/index.php?ID=742. конс. 6 февруари 2008. 
  9. 9,0 9,1 „Rihanna: Biography – Part 1 & 2“. „People“. http://www.people.com/people/rihanna/biography. конс. 16 декември 2008. 
  10. Spivey, Lisa. „Rihanna, The New Cover Girl“, јануари 2007, стр. B.5.
  11. 11,0 11,1 11,2 Watson, Margeaux. „Caribbean Queen: Rihanna“, „Entertainment Weekly“, 22 јуни 2007 (конс. 27 ноември 2008).
  12. 12,0 12,1 Patterson, Sylvia (26 август 2007). „Singing in the rain“. „The Guardian“. http://www.guardian.co.uk/music/2007/aug/26/popandrock. конс. 8 февруари 2009. 
  13. Talking Shop: Shontelle“, „BBC News“, 5 март 2009 (конс. 5 март 2009).
  14. Jones, Steve. „Rihanna has her day in the sun“, „USA Today“, 1 август 2005 (конс. 23 мај 2009).
  15. Reid, Shaheem. „Jay-Z's Picks: Teairra Mari, Rihanna, Ne-Yo“, MTV (конс. 8 февруари 2009).
  16. Swash, Rosie. „Grammys 2009: Rihanna cancels appearance after boyfriend Chris Brown arrested“, guardian.co.uk, 9 февруари, 2009 (конс. 27 мај 2009).
  17. Hedley, Caroline. „Grammy Awards 2009: Rihanna pulls out after Chris Brown arrest“, The Daily Telegraph, 9 февруари, 2009 (конс. 26 мај 2009).
  18. Friedman, Roger (10 февруари, 2009). „Chaos in Chris Brown-Rihanna Mess“. „Fox News. http://www.foxnews.com/story/0,2933,490368,00.html. конс. 13 мај 2009. 
  19. Lee, Ken. „Chris Brown Charged with Two Felonies in Rihanna Beating“, „People (magazine)“, 5 март, 2009 (конс. 30 мај 2009).
  20. Singer Brown charged with assault“, „BBC News Online“, 6 март, 2009 (конс. 26 мај 2009).
  21. Staff, TMZ. „Chris Brown Cops Plea - No Jail Time“, „TMZ“, 22 јуни, 2009 (конс. 22 јуни 2009).
  22. Kreps, Daniel. „Rihanna Returns and Kanye West Shines on Jay-Z’s “Run This Town”“, „Rolling Stone“, Jann Wenner, 24 јули 2009 (конс. 3 септември 2009).
  23. Rihanna's racy photoshoot for Vogue Italia: Mamma mia!“, „Examiner.com“, 3 септември, 2009 (конс. 3 август 2009).

Надворешни врски[уреди]