Simply Red (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Simply Red)
Прејди на: содржини, барај
Simply Red
Мик Хукнал
Мик Хукнал
Информации
Потекло Манчестер, Англија
Жанрови Pop
Soul
Активни 1984 - 2009
Веб-сајт Домашна страница
Членови
Mick Hucknall
Steve Lewinson
Kevin Robinson
Pete Lewinson
Dee Johnson
Ian Kirkham
Kenji Suzuki
Chris De Margary
Sarah Brown
John Johnson

Симпли ред (англиски: Simply Red) е англиска музичка поп група, предводена од пејачот Мик Хакнел. Во текот на својата кариера, групата продала над 50 милиони примероци од своите албуми.

Кариера[уреди]

Корените на „Simply Red“ водат потекло од рок свирката на „Sex Pistols“ одржана во „Lesser Free Trade Hall“ во Манчестер. Еден од многуте музички фанови кои биле присутни, бил и студентот по уметност Мик Хакнал, заедно со оригиналните членови на „Joy Division“, „The Smiths“ и „Buzzcocks“, кој како сведок на овој настан беше инспириран да формира бенд. Тој бенд првпат беше олицетворен со панк групата „Frantic Elevators“, која постоела седум години, а се распаднала во 1984 година. Во својата кариера, групата постигнала само ограничен локален успех и позитивна критика за нивната последна песна „Holding Back the Years“.

По периодот на „Frantic Elevators“, Хакнал се поврзал со менаџерот Елиот Рашман. До раната 1985 година Хакнал и Рашман беа собрале бенд од група локални музичари и почнаа да го привлекуваат вниманието на издавачките компании. Во овиј период групата го присвои името „Simply Red“, (по прекарот на Хакнал кој означувал боја на коса, наклонетост кон фудбалскиот тим „Manchester United“ и политичката определеност кон левото крило). Потпишаа за „Elektra“ во 1985 година. Со некои променливи регистри на Хакнал, Toni Bowrs (бас), Fritz McIntyre (тастатура), Tim Kellett (дувачки инструмант), Sylvan Richardson (гитара) и Chris Joyce (тапани).

Нивната прва песна, издадена во 1985 година, беше „Mone’s Too Tight (To Mantion)“, наслов за стандарната песна оригинално снимена од браќата Valentine. Оваа песна имаше голем меѓународен успех, достигнувајќи до британската и ирската топ 20 листа, подоцна американската, француската и германската топ 30 листа и италијанската топ 5 листа, почнувајќи успешна кариера во Италија, често пати поуспешна за разлика во Велика Британија.

Нивниот деби албум бил издаден во 1985 година. Во 1986 година бендот повторно ја сними песната која беше предходно снимена од Frantic Elevators, „Holding Back the Years”, во поприфатлив поп стил, кој овој пат беше водечи хит, достигнувајќи до второто место во Велика Британија, трето место во Холандија, дваесето место во Италија и подоцна прво место во Ирска и САД, востановувајќи го името „Simply Red“ како домашно. Оваа песна останува да биде најпризнатото дело на бендот. Почнаа да се продаваат повеќе копии на албумот и тој стана интернационале хит албум.

За нивниот втор албум во 1987, Men and Women бендот се појавува со капи во форма на цилиндар и шарени костуми наместо поранешниот уличен изглед и антроспективниот и општествен коментар за нивното деби, заменето со синоооената душа имаше фани влијание. Со нивниот трет албум „A new flame“ во 1989 година, „Simply Red“ се здоби со уште поголема популарност и појавувања во јавност, со повеќе комерцијален отколку критички успех, запецатен со нивниот наслов од поп класичната песна на Harold Melvin, „If You Don’t Know Me By Now“, која стана нивниот втор хит во САД и една од најголемите песни на меѓународно ниво, а исто така беше и нивен најголем успех до тогаш. Хукнал до овој период стана меѓународна ѕвезда и беше фотографитран со модели и холивудски славни личности. Ова изгледаше како да ја нарушува единственоста на бендот со изјавувањето на Хакнал во 1991 година дека „Simply Red“ беше само „во суштина соло проект“.

Популарната кариера на бендот се искачи на врвотистата година со издавањето на албумот „Stars“, кој стана најдобро продаваниот албум по неговото две годишно присуство на топ листите во Европа и Велика Британија (иако имаше забелезително помал успех во САД за разлика од нивните предходни албуми). „Stars“ ги измеша анти- политичките песни со џез звук, лесен за слушање, најверојатно за да го избегнат оттуѓувањето од постечката база на фанови.

По презентирањето на „Stars“ преку турнеи за време од две години, „Simply Red“ се појавува повторно со „Fairground“ во 1995 година кој беше под влијание од проектот „Good men“ на Zki & Dobri. Масовниот радио хит „Fairground“ станал број еден во Велика Британија и покрај вознимерената критика. Албумот „Live“ продаде повеќе од еден милион копии само во Велика Британија, правејќи од бендот четврт најголем продавач во светот. По ова следуваше „Blue“ во 1998 година и „Love and Russian inter“.

Наредните изданија главно беа колекција од најголемите хитови, иако бендот го издаде „Home“ во 2003 година, микс од оригинални песни и наслови вклучувајќи ја и верзијата на песната „You Make Me Feel Brand New“ од „The Stylistics“. „Simplified“ следуваше во 2005 година, тоа беше воглавно албум од верзии на нините класични хитови. Песната „Oh! What a girl!“ беше издадена во септември 2006 година вnо нивниот десетти албум „Stay“ издаден на 12-ти март, 2007 година. По ова следеше песната „So not over you“ издадена на 28-ми Мај, 2007 година. Третата песна „The world and you tonight“, беше само 104 на британската топ листа во ноември 2007. Бендот се појави на сезонската премиера на „Family Guy“ 2007 година која траеше еден час како последен член на Red Sguadron.

Својот последен настап, групата го одржала во декември 2010 година, во лондонската „О2 арена“. Неколку години подоцна, во ноември 2014 година, Мик Хакнел објавил дека членовите на групата ќе се соберат повторно во 2015 година за да одржат турнеја по повод 30-годишнината од основањето на групата. Почетокот на големата турнеја бил најавен за 20 октомври 2015 година, со концертите во Данска, а биле предвидени вкупно 35 концерти.[1]

Албуми[уреди]

  • Picture Book (1985)
  • Men and Women (1987)
  • A New Flame (1989)
  • Stars (1991)
  • Life (1996)
  • Greatest Hits (1996)
  • Blue (1998)
  • Love And The Russian Winter (1999)
  • It's Only Love (2000)
  • Home (2003)
  • The Very Best Of Simply Red (2003)
  • Simplyfied (2005)
  • Stay (2007)

Надворешни врски[уреди]

  • „Симпли ред ќе прослави 30 години со нова турнеја“, Дневник, година XVIII, број 5609, среда, 5 ноември 2014, стр. 21.