The Smiths

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Smiths
Потекло Манчестер, Англија
Жанрови алтернативен рок, инди поп
Период на активност 1982–1987 година
Издавачи Rough Trade, Sire, Warner Bros.
Соработници Morrissey, Electronic, Modest Mouse, Freebass, The Cribs
Поранешни членови
Morrissey
Johnny Marr
Mike Joyce
Dale Hibbert
Andy Rourke
Craig Gannon

Смитс ( англиски: The Smiths) e англиска алтернативена рок група формиранa во Манчестер во 1982 година. Врз основа на партнерството за пишување на песни на вокалот Морисеј и гитаристот Џони Мар, групата ги вклучува и басистот Енди Рурк и тапанарот Мајк Џојс. Критичарите ги сметаат за најважна алтернативна рок група која се појавува на британската незвисна музичка сцена во 1980-тите години. Групата потпишува договор со независната издравачка куќа Rough Trade Records, каде што тиа идаваат четири студиски албуми, неколку компилации и голем број на пресни кои што се немаат најдено на нивните албуми. Сепак тие имаа ограничен комерцијален успех надвор од Велика Британија додека сеуште беа заедно и никогаш не издадија песна која е рангирана повисоко од 10-то место во нивната држава.The Smiths се здобива со голем број на обожаватели, останува култна група и миленик на публиката.Групата се распѓа во 1987 година и одтогаш одбива неколку понуди за повторно обединување.


Историја[уреди]

Формирање и први песни[уреди]

The Smiths се формира во почетокот на 1982 година од страна на Стивен Патрик Морисеј ,текстописец кој што е голем обожавател на групата New York Dolls и кој за кратко застанува на чело на панк рок групата the Nosebleeds , и Џони Маер , гитарист и текстописец. Маер го менува неговото име во Џони Мар (Johnny Marr) за да избегне забуна со името Џон Маер ,тапанарот на групата Buzzcocks, додека пак Морисеј настапува под неговото презиме. По снимање на неколку демо снимки со тапанарот Симон Волстенкрофт (подоцна член во The Fall), есента 1982 година, Морисеј и Мар го примаат тапанарот Мајк Џојс . Џојс претходно членувал во панк групите The Hoax и Victim . Тие го додаваат и бас гитаристот Дејл Хиберт , кој ја снабдува групата со опрема за снимање во студиото каде што тој работи како продуцент. Хиберт по една свирка е заменет со пријателот на Мар, Енди Рурк, бидејќи Мар сватил дека ниту свирењето Хиберт ниту неговата личност се вклопува во групата. Групата го избира нивното име во еден дел како реакција против оние избрани од страна на синтпоп групите од раните 1980-ти години ,како Orchestral Manoeuvres in the Dark и Spandau Baller, за кои што тие сметаат дека се вообразени. Во едно интервју на Морисеј во 1984 година тој изјавува дека го избрал името The Smiths ‘бидејќи е наједноставно име’ и бидејќи тој смета дека ‘ е време обичните луѓе во светот да ги покажат своите лица ’.Потпишувајќи со издавачката куќа Rough Trade Records, тие ја објавуваат нивната прва песна ‘Hand in Glove’ во мај 1983 година. Песната е претставена во емисијата на DJ John Peel, како и сите други песни подоцна, но не успева да се најде на топ листите. Следните песни ‘This Charming Man’и ‘What difference Does It Make?’ поминуваат подобро кога заслужено се искачуваат на 25 –то и 12-то место на UK Single Chart.

The Smiths[уреди]

Во февруари 1984 година, групата го издава нивниот прв албум ‘The Smiths’ кој што го достигнува второто место на UK Album Chart. И двете песни ‘Reel Around the Fountain’ и ‘ The Hand That Rocks the Cradle’ се соочуваат со контраверзност во таблоидите каде што се тврди дека песните наведуваат на педофилија, изјава цврсто негирана од групата. Албумот следува истата година со песни кои не се вклучени во албумот ‘Heaven Knows I’m miserable Now’ и ‘ William ,It Was Really Nothing’, кој што ја вклучува ‘How Soon Is Now’ на неговата бонус страна. Обезбедувајќи и ги првите места на топ десет листите ,’Heaven Knows I’m Miserable Now’ исто така е значајна за обележување на почетоците на соработката на групата со продуцентот Стефан Стрит . Повеќе контраверзност следува кога ‘Suffer Little Children’, бонус песната од ‘Heaven Knows I’m Miserable Now’ ја допира и темата за убиствата во Мор. Ова предизвикува голема врева откако дедото на едно од убиените деца ја слушнал песната на џубокс во паб и помислил дека бендот се обидува за ги комерцијализира убиствата. По средбата со Морисеј , тој прифаќа дека песната е искрено истражување на влијанието на убијците. Морисеј подоцна се спријателува со Ен Вест , мајка на жртвата Лесли Ен Даунеј, која е спомената по име во песната. Годината завршува со албумот со компилации ‘Hatful of Hollow’. Во него се вклучени песни, бонуси и верзии на песни кои што се снимени низ претходната година за емисиите на Peel и Jensen.

Meat Is Murder[уреди]

На почетокот од 1985 година , групата го објавува нивниот втор албум ‘Meat Is Murder’. Овој албум е по груб и политички од неговиот предходник, вклучувајќи го и про вегетаријанскиот наслов на песната (Морисеј забрнавува остатокот од групата да бидат сликани како јадат место) , површното републиканство на ‘Nowhere Fast’ и песните против физичка казна ‘The Headmaster Ritual’и ‘Barbarism Begins At Home’.Групата исто така внесува музичка разновидност, Мар со додавање на рокабили рифови во ‘Rusholme Ruffians’, а Рурк со свирење на фанк бас соло во ‘Barbarism Begin At Home’.Албумот е проследен со повторно издание на песната‘How Soon is Now’ иако таа песна не е на оригиналот е додадена во подоцнежните изданија.’ Meat Is Murder’ е единствениот албум на групата (со исклучок на компилациите), кој достигнува прво место на топ листите во Велика Британија. Во 2003година, албумот е рангиран на 295-то место на листата на 500 најдобри албуми на сите времиња на магазинот Rolling Stone. Морисеј во неговите интервјуа изнесува политички став што придава уште контраверзии. Меѓу неговите цели се владата на Тачер, монархијата , и проектот за спречување на гладот Band Aid. Морисеј славно се пошегува со последното, ‘човек може да биде загрижен за луѓето од Етиопија, но друга работа е се нанесува секојдневна тортура на луѓето од Англија’ (‘тортура’ како референца за музиката која е произлезена од проектот). Следната издадена песна ‘Shakespeare’s Sister’ се искачува на 26-то место на UK Singles Chart иако единствената песна земена од тој албум ‘That Joke Isn’t Funny Anymore’ е помалку успешна искачувајќи се едвај во топ 50.

The Queen Is Dead[уреди]

Во текот на 1985 година групата ги завршува долгите турнеи во Велика Британија и САД и го снима следниот студиски албум The Queen Is Dead. Албумот е издаден во јуни 1986 година,набргу по песната ‘Bigmouth Strikes Again’. Во песната повторно се истакнува агресивниот ритам на гитара на Мар и водечките звуци на жици на гитара со широки скокови. The Queen Is Dead го достигува второто место на топ листите во Велика Британија и се состои од мешавина на остра беспрекорност (на пр. ‘Never Had No One Ever’ што се чини дека задава стереотипи за групата), зајадлив хумор (на пр. ‘Frankly Mr. Shankly ’ наводно порака до Џоф Травис директор на Rough Trade преправен како писмо за оставка од работник до неговиот претпоставен) и синтеза на двете , како во ‘There Is a Light That Never Goes Out’ и ‘Cementry Gates’ Меѓутоа,во групата почнуваат да се случуваат непријатности. Правен спор со Rough Trade го одложува албумот речиси седум месеци (завршен во ноември 1986 година) , Мар почнува да го чувствува стресот од исцрпувачките турнеи и распоредот за снимање. Подоцна тој изјавува за NME: ‘тешко се издржува’,но тоа не е ни половина од тоа: Бев многу болен. Кога турнејата всушност заврши јас почнав да станувам малку..опасен.Пиев повеќе од тоа што можам да поднесам. ‘Во меѓувреме Рурк е отпуштен од групата во почетокот на 1986 година поради неговата зависност од херион. Тој,наводно, добил известување за неговото отпуштање преку белешка залепена на вертобранското стакло на неговиот автомобил. Тоа гласело: ‘Енди – ти ја напушташ The Smiths.Збогум и со среќа,Морисеј’’Самиот Морисеј го негира ова. Рурк е заменет со басистот Крег Ганон ,(поранешен член на шкотската група Aztec Camera), но повторно се враќа по две недели. Ганон останува во групата преминувајќи на гитара. Пет члената група ги снима песните ‘Panic’ и ’Ask’(последните со придружниот вокал Кирсти Мек Кол ), кои што ги достигнуваат 11-то и 14 на UK Singles Chart, и одат на турнеја низ Велика Британија. По завршувањето на турнејата во октомври 1986 година, Ганон ја напушта групата. Групата е незадоволна од Rough Trade и бара договор со поголема продуцентска куќа. На почетокот на 1987 година,Мар изјавува за NME , ‘Секоја можна продуцентска куќа дојде да не види. Тоа беа кратки разговори, мито,од се по нешто. Навистина уживав. ’ Групата конечно потпишува со продуцентската куќа EMI,што предизвика критики од нивните фанови и од дел на музичкиот печат.

Strangeways, Here We Come и распадот на групата[уреди]

На почетокот на 1987 година е објавена песната ‘Shoplifters of the World Unite’ и се искачува на 12-то место на UK Singles Chart. Таа е проследена со втората компилација The World Won’t Listen – насловот е коментар на Морисеј за неговото незадоволство за недостатокот на трендовско распознавање на групата иако нивниот албум се искачува на второто место на топ листите - а песната ‘Shelia Take a Bow’, вториот топ 10 хит во Велика Британија (и последена за време на постоењето на групата). Уште една компилација ,Louder Than Bombs, е наменета за надворешниот пазар и го опфаќа речиси истиот материјал како и The World Won’t Listen,со додавање на ‘Shelia Take a Bow’ и материјал од Hateful of Hollow,компилација која веќе треба да биде издадена во САД. Покрај нивниот континуиран успех, во групата се појавуваат различни тензии кои го навестуваат нивниот распад.Џони Мар,изморен и скоро на работ на алкохолизам,зема пауза од групата во јуни 1987 година,која што лошо е примена од стана на останатите членови на групата.Во јули 1987 година, Мар ја напушта групата засекогаш, мислејќи дека статијата во NME ,со наслов ‘The Smiths се разделуваат’ , е испланирана од Морисеј ,која што всушност не е. Таа статија, напишана од Дени Кели,наведува дека Морисеј не ја поднесува соработката на Мар со други музичари и дека пријателството на Мар и Морисеј достигнува критична точка. Мар контактира со NME за да објасни дека тој не ја напушта групата поради пријателски недоразбирања туку затоа што тој сака поширок музички терен.Поранешниот гиратист на Easterhouse, Ивор Пери е вметнат за да го замени Мар, и групата со него снима нов материјал кој што никогаш не се доврши, вклучувајќи ја стара верзија на ‘Bengail in Platforms’ која што првично е наменета за бонус песна на ‘Stop Me If You Think You’ve Heard This One Before’.Пери е незадоволен со ситуацијата во групата ‘тие како да сакаат друг Џони Мар’и (според Пери),сезоната завршува со излегување на Морисеј од студиото.По издавањето на четвртиот албум, Strangeways ,Here We Come ,во септември ,групата се раздели. Влошувањето на односите првично придонесува Морисеј да е револтиран од соработката на Мар со други музичари а пак кај Мар расте незадоволството за музичката нефлексибилност на Морисеј.Мар буквално ја мрази опседнатоста на Морисеј со обработка на песните на поп изведувачите од 1960-те години како што се Twinkle и Cilla Black. Во 1992 година Мар се присетува на тоа, ‘Тоа беше последната капка, навистина. Не формирав група за да ги изведуваме песните на Cilla Black.’Во едно интервју на Морисеј во 1989 година изјавува дека потребата на менаџер и деловните проблеми се причини за распадот на групата. Strangeways , Here We Come, го достигнува второто место во Велика Британија и е нивниот најуспешен албум во САД,издигнувајќи се на 55-то место на Bilboard200. Албумот добива рамнодушен прием од критиката, но и Морисеј и Мар го издвојуваат како нивен омилен албум на The Smiths. Уште неколку песни од Strangeways се издадени од претходни сесии во живо и демо снимки, како бонус песни , а следната година,албумот снимен во живо,Rank , (снимен во 1986 додека Ганон е член на групата), го повтори успеxот на претходните албуми на топ листите во Велика Британија.

Кариерите по The Smiths[уреди]

Тhe Smiths се предмет на документарецот на емисијата South Bank Show,направен од LWT а емитуван од ITV на 18 октомври 1987 година, четири месеци по нивниот распад а три недели по идавањето на албумот Strangeways. По распадот на групата , Морисеј почнува да работи на соло снимање , соработувајќи со продуцентот на Strangeways, Стефан Стрит и неговиот сограѓанин , манчестерецот Вини Рајли ,гитарист на Тhe Durutti Column. Како резултат е албумот Viva Hate (во знак на крајот на The Smiths) , издаден во март 1988 година, издигнувајќи се на првото место на топ листите во Велика Британија.Морисеј продолжува да работи и снима како соло изведувач. Џони Мар се враќа на музичката сцена во 1989 година со члeнот на New Order, Бернард Самнер и членот на Pet Shop Boys Нејл Тенант во групата Electronic. Electronic издаваат три албуми во текот на следната деценија. Мар е исто така и член на групата The The , со која издаваат два албуми помеѓу 1989 и 1993 година. Тој работи како студиски музичар и соработник за текстови со изведувачи како The Pretenders, Bryan Ferry , Pet Shop Boys, Billy Bragg, Black Grape, Talking Heads, Crowded House, и Beck.Во 2002 година основа нова група , Johnny Marr and the Healers ,која доживува мал успех, а подоцна работи и како гостин на албумот на групата Oasis,’Heathen Chemistry’(2002 година).Во 2006 година Мар почнува да работи со Исак Брок ,член на групата Modest Mouse, на песни кои се наоѓаат на албумот од 2007 година, We Were Dead Before the Ship Even Sank.Веднаш потоа Modest Mouse изјавуваат дека Мар е полноправен член на групата и вака проширената група оди на турнеја во 2006-07 година. Мар исто така снима и со Лијам Галагер од групата Oasis.Во јануари 2008 година се објави дека Мaр зема учевство во еднонеделна сесија во пишување на текстови во студиото Moolah Rouge во Стокхолм со инди групата The Cribs. Поврзаноста на Мар со групата трае три години и вклучува појавување на нивниот четврти албум ‘Ignore the Ignorant’(2009 година). Неговото заминување од групата е објавено во април 2011 година. Тој сега работи на неговиот соло материјал. Во прилог на неговите активности како музичар и текстописец , Мар е продуцент на деби албумот на групата Heaven, ‘Between the Senses’ од 2002 година. Енди Рурк и Мqaјк Џојс продолжуваат да работат заедно. Тие имаат турнеја со Синед О’Конор на почетокот на 1988 година (Рурк исто така се појавува во нејзиниот албум од 1990 година,I Do Not Want What I Haven’t Got).Сепак во 1988 година тие се преместуваат (со Крег Ганон) во Adult Net , но ја напуштаат групата брзо потоа.Во 1988 и 1989 година, тие снимаат песни со Морисеј. Во 1988 година тие одат на турнеја и снимаат со Азис Ибрахим , (поранешен член на The Stone Roses).Во 2001 година тие ја формираат групата Specter со Џејсон Спектар и други. Групата настапува во Велика Британија и САД но не напреднува.Дел од нивното шоу од 27 мај 2001 година може да се види на You Tube. Истата година тие снимаат демо снимки со Пол Артурс (поранешен член на Oasis) и Ровета Ида (поранешен член на Happy Mondays), под името Moondog One, но проектот не продолжува понатаму.На крајот од 2001 година ,настапуваат заедно во ветеранскиата група од Манчестер,Jeep.Во 2005 година настапуваат со Вини Пикулиар и ја снимаат песната ‘Two Fat Lovers’(Џојс исто така се појавува на албумот од 2006 година,the Fall and Rise of Vinny Peculiar). Во 2007 година го издаваат документарецот Inside the Smiths, изненадувачки искрени мемоари од нивното време со групата,значајно по отсуството на Мар , Морисеј , и нивната музика. Рурк и Џојс исто така ги реализираат и нивните проекти. Џојс снима со: Suede (1990 година),П.П. Арнолд (1995 година); оди на турнеја и снима со Buzzcocks (1990-1991 година),Пит Вајли (поранешен член на The Mighty Wah!) (1996-1998 година); оди на турнеја со Џулијан Коуп (1992 година),Џон Лидон и Public Image Ltd (1992 година), Вини Пекулиар и Пол Артурс (2007 година), Autokat (2008-2009 година).Џојс ја води и радио емисијата Alternative Therapy на радио станицата Revolution 96.2 FM, се додека таа не ја смени содржината во 2008 година,подоцна повторно емитувајќи ја на Manchester Radio Online и Tin Can Media. Тој сега ја води емисијата The Coalition Show на East Village Radio која се емитува од Њујорк а работи и како клубски диџеј. Рурк ја компонира музиката за три бонус песни на Морисеј објавени во 1989 и 1990 година (‘Yes,I’m Blind’ ‘Girl Least Likely To’ и ‘Get Off the Stage’). Тој свири и снима со Killing Joke (три дена во 1988 година); The Pretenders (се појавува во Last of the Independents,1994 година);Badly Drawn Boy (со кој што тој свири две години); Proud Mary (се појавува во Love and Light,2004година); Ian Brown ( се појавува во The World Is Yours,2007 година).Во 2007 година Рурк ја формира групата Freebass , со неговиот колега,басистот Питер Хук (поранешен член на New Order и Joy Division) и Мени (член на The Stone Roses и Primal Scream);тој останува активен во групата до 2010 година и се појавува на нивниот единствен албум ,It’s A Beautiful Life (2010).Рурк е ко –основач на неколку концерти на Манчестер и Ракот (Manchester v Cancer) ,подоцна познато како Против рак (Versus Cancer), за да се соберат пари за истражување против ракот.Концертите се одржуваат во јануари 2006,март 2007,февруари 2008 и декември 2009 година.Оттогаш тој се концентрира на својата радио кариера , почнувајќи со саботна вечерна емисија на радио станицата XFM Манчестер.Од неодамна тој е дел од East Village Radio каде што колега му е Мајк Џојс.Рурк се сели во Њујорк на почетокот од 2009 година.Набргу по пристигнувањето во Њујорк,тој ја основа Jetlag – ‘ тим на диџеи и аудио продукција’ – со Оли Коретски . Двајцата настапуваат на повеќе локации во градот ,а дел од нивните ремикси може да се слушнат на Soundcloud.

Подоцнежни расправии[уреди]

Откако бендот се раздели,Морисеј и Мар предизвикаа расправии околу:поделбата на авторските права со Џојс и Рурк; повремените шпекулации за обединување,често поткрепени со нивно зближување; и нивните очигледни напори за го зголемат враќањето назад на скромниот репертоар на групата со постојано прикажување на истиот материјал.Ниту една од овие расправии сериозно не оштетува некој од музичарите.

Спор за приходот од авторските права[уреди]

Морисеј и Мар земаат по 40 проценти од авторскиот хонорар за снимање и изведба на групата The Smiths, а само по 10 проценти Џојс и Рурк. Адвокатот на Џојс кој подоцна образложува во судот , тапанарот и басистот се третирани како ‘ само обични музичари кои што брзо и лесно можат да заменети како делови од косалка ’

Во март 1989 година, Џојс и Рурк покренуваат судски постапки против нивните поранешни колеги од групата, тврдејќи дека тие се еднакви партнери во групата и секој има право на 25 проценти од заработувачката на групата од сите активности, освен пишување на текстови и издавање.Рурк,кој е во долгови, веднаш се согласува на сума од 83 000 фунти и 10 проценти од авторскиот хонорар,откажувајќи се од сите понатамошни барања.Џојс продолжува со акцијата,која што стигнува до Високиот Суд на Правдата ,одделот задолжен за случаи што не се опфатени со закон ,во декември 1996 година.Морисеј и Мар го прифаќаат партнерството на Џојс и Рурк од претходната година.’Единствено спорно прашање е дали г-дин Џојс бил рамноправен партнер со право на ¼ од приходите што произлегуваат од активностите на групата The Smiths (освен пишување на текстови и издаваштво)’. ‘Адвокатот на Џојс, Најџел Дејвис ’, тврди дека ‘дури по распадот на групата во 1987 година неговиот клиент открива дека добивал само 10 проценти од проходите’. Дејвис продолжува:’Г-дин Џојс никогаш не се согласил на 10 проценти,тој никогаш не ни претпоставил дека добива десет проценти.Напротив, тој мислел дека добива 25 проценти’.Морисеј и Мар , кои што се оддлено претставени на судскиот процес – инсистираат на тоа дека поделбата на авторскиот хонорар му била објаснета на Џојс и Рурк – и покрај тоа што тие повеќе не се сигурни кога.Како што советникот на Мар, Роберт Енглхарт , објаснува ‘Пред 13 години е многу тешко точно да се дефинира моментот кога 40:40:10:10 стапи на сила... Но Морисеј и Мар дејствуваат врз основа на тоа дека тие ќе добиваат 40 проценти од нето профитот од приходите на групата The Smiths.’ По седумдневно сослушување,судијата Викс пресудува во полза на Џојс,одлучувајќи тој да добие 1 милион фунти од претходните авторски хонорари и 25 проценти во иднина.Судијата исто така довроволно ги испитува карактерите на четворицата антагонисти, што им оди во прилог на Џојс и Рурк (кој што дава доказ за поддршка на Џојс) :Тој за г-дин Џојс и г-дин Рурк вели дека го импресионираат со нивната искреност и отвореност. Тој продолжува: ‘Г-дин Морисеј е покомплициран карактер. Тој не даде докази за лесно и убаво искуство. За мене тој изгледа како мрачен,суров и непостојан, кој што ги гледа само неговите интереси.’ Судијата исто така го критикува и г-дин Мар кој што на судијата му изгледа како ‘подготвен да ги навезе своите докази до точка каде што тој станува се помалку уверлив.’Тој заклучи дека доказите на г-дин Морисеј се разликуаат од оние на г-дин Џојс и г-дин Рурк, и дека тој ти претпочита оние на г-дин Џојс и г-дин Рурк. Судијата ги оценува членовите на групата по нивото на интелигенција,Мар ‘како најверојатно по интелигентен од четворицата’, Рурк и Џојс ‘неинтелектуални’ и Морисеј веројатно некаде помеѓу. Морисеј нуди поинакво толкување во интервју, осум месеци подоцна: Судскиот случај е скратена историја за животот на групата The Smiths. Мајк зборува постојано а ништо не кажува, Енди неспособен да го запомни своето име, Џони се труди да им угоди на сите а притоа угодувајќи му на никој. А Морисеј се поти во центарот на жешката обвинителната клупа. ‘Како се осмелуваш да бидеш успешен?’ ‘Како се осмелуваш да продолжиш?’ За мене , The Smiths беа прекрасна работа а Џони ги напушти и Мајк ги уништи. Прашан некое време пред судењето дали тој мисли дека Рурк и Џојс го измамиле, Морисеј одговара :’Тие имаа среќа. Ако тие имаа друг пејач немаа да стигнат подалеку од трговскиот центар Salford.’Советникот на Морисеј, Иан Мил ,признава дека ставот на неговиот клиент ‘оддава степен на ароганција’. Морисеј се жали против пресудата а Мар не. Жалбата е слушната од Апелациониот Суд во ноември 1998 година но е одбиена. Инспириран од успехот на Џојс, Рурк бара правен совет за неговите опции. Оттогаш не се превзема понатамошна акција.Рурк банкротира во 1991 година. Во ноември 2005 година, Најк Џојс изјавува во емисијата на Марк Рајли на BBC Radio дека финансиските тешкотии го приморале тој да продава ретки снимки од Smiths на eBay. По пат на илустрација, Рајли е дел од недовршен инструментал познат како ‘Click Track’ ( или ‘Cowbell Track’). Морисеј одговара со изјава три дена подоцна во која открива дека Џојс добил по 215.000 фунти од Мар и Морисеј во 1997 година, заедно со крајната исплата на Мар од 260.000 фунти во 2001 година. Морисеј не успеал да ја направи неговата крајна исплата бидејќи , како што вели тој , во 2001 година бил надвор од земјата и не ја добил документацијата. Џојс добива основна пресуда против Морисеј, го ревидира неговото побарување на 688.000 фунти и обезбедува налози кои што го гарантираат поголемиот дел од приходот на пејачот. Ова е причина за тековни тешкотии и неправди за Морисеј, кој што утврдува дека Џојс го чинел најмалку 1.515.000 фунти во обновени авторски права и правни трошоци заклучно до 30 ноември 2005 година.

Шпекулации за повторно обединување[уреди]

И Мар и Морисеј повеќепати изјавуваат дека нема повторно да го обединат бендот .Во 2006 година ,Морисеј изјавува ,’Попово би ги јадел моите тестиси отколку да ги реформирам The Smiths, и тоа кажува нешто со оглед на тоа што сум вегетаријанец ’. Кога бил прашан зошто, во друго интервју истата година , тој одговара, ‘Се чувствувам како само јас напорно да работев по распадот на The Smiths а другите не , па зошто тогаш да им оддавам внимание кое што не го заслужиле ? Ние не сме пријатели, ние не се гледаме едно со други. Па зошто тогаш би биле заедно на сцена? ’ Во едно интервју на BBC Radio 2 во февруари 2009 година, тој вели: ‘Луѓето често ме прашуваат за повторно обединување а јас неможам да замислам зошто...минатото изгледа како далечно место и јас сум задоволен со тоа.’ Сепак, во меѓувреме, Мар и Морисеј постојано се фалат за напорите на другите повторно да ги обединат и за астрономските суми кои што им ги нудат за да настапуваат заедно (со или бев Мајк Џојс и Енди Рурк). Во ноември 2004 година, VH1 прикажа епизода од Backstage Pass Special за бендови кои што повторно се обединиле во која што водителот Амер Халиим се обидува и не успева да го смести Морисеј пред настап во театарот Аполо. Во март 2006 година, Морисеј открива дека на The Smiths им е понудено 5 милиони долари за настап на фестивалот Coachella Valley Music and Arts Festival, кои што тој ја одбил, велејќи , ‘Не,бидејќи парите не влегуваат во тоа. ’ Понатаму тој објасна, ‘Тоа беше фантастично патување. И потоа заврши. Мислам дека не требаше да завршиме. Сакав да продолжи. (Мар) сакаше да заврши.И тоа беше тоа ’ Во август 2007 година,широко се објави дека Морисеј тоа лето одбил понуда од 75 милиони долари – речиси 40 милиони фунти во тоа време – од ‘конзорциум на промотери’ за повторно да ги обединат со Мар за педесет дневна светска турнеја под името the Smiths во 2008 и 2009 година.NME го наведе Морисеј како извор за приказната. Списанието Ролинг Стоун го наведи нивниот публицист.Понудата истот така е објавена и на ‘true-to-you.net’, приватна фан страница тајно поддржана од Морисеј. Подоцна е опишана како ‘измама’, иако е нејасно кој кого измамил. Во октомври истата година, Мар ги потпали шпекулациите кога на BBC Radio 5 Live најавува дека еможно повторно обединување во иднина, велејќи дека ‘чудни работи се случија така што,кој знае?’ Мар продолжува ‘Не е голема работа.Можеби ќе се обедниниме по 10 или 15 години кога на сите ќе ни треба без оглед на причините тоа, но во моментот Морисеј си ја работи неговата работа а јас мојата , и тоа е одговорот.’ Ова претставува промена на ставот , со оглед на тоа што Марр претходно има изјавено дека повторно обединување на групата би било лоша идеја. Во октомври 2008 година, The Sun, повикувајќи се на ‘ извори блиски до групата ’, изјавува дека the Smiths ќе се обединат за да настапат на Coachella во 2009 година. Набргу потоа,NME ја демантира приказната и повикувајќи се исто така на ‘извори блиски до групата’цитирајќи го менаџерот на Џони Мар за ефектот дека е ‘бесмислица’. Во јуни 2009 година,Мар му кажува на водител од лондонското XFM радио ,’Мислам дека ни беа понудени 50 милиони долари за три.... можеби 5 настапи.’Тој изјави дека шансите за повторно обединување ‘немаат никаква врска со парите ’, и дека причините се ‘многу апстрактни’. Мар и Морисеј доаѓаат најблиску до некаков вид на повторно обединување во јануари 2006 година кога Џони Мар и The Healers настапуваат на хуманитарниот концерт на Енди Рурк, ‘Манчестер против ракот’ .Имаше предлози кои наведуваа дека Морисеј исто така може да учевтвува на концертот. Мар појасни дека тоа нема да се случи, но ја изведија песната ‘How Soon Is Now’ заедно со Рурк.

Препакувања[уреди]

Откако групата се раздели , нејзините членови одобруваат издавање на албум во живо (Rank,1988 година), четири колекции со најголеми хитови (Best …I, 1992година; Best II,1992 година ;Singles,1995година; и The Sound of The smiths,2008година),една разнообрзна компилација (Stop Me,1988година) и два бокс-сетови (The Smiths Singles Box,2008година, и Complete,2011година).Исто така има и една недозволена колекција со најголеми хитови (The Very Best of The Smiths,2001година). Ова е во продолжение на компилациите издадени во времето на постоење на групата (Hatful of Hollow,1984година; The World Won’t Listen, 1987година;и Louder Than Bombs,1987година).Тоа претставува многу преработување за група чија што основна дискографија се состои од четири,четириесет минутни албуми и единаесет песни кои што не се на албуми. Како што посочи критичарот Томас Ерливајн , ‘Неколку месеци по издавањето на нивниот прв албум ,The Smiths ја издадија колекцијата на песни Hatful of Hollow, создавајќи традиција на препакување на нивниот материјал повеќепати и колку што е можно побрзо.’ Ерливајн на друго место забележува дека ‘анти-издавачката компанија’’Paint a Vulgar Picture’’- на Strangeways Here We Come - ‘станува значително иронична во пресрет на наклонетоста на The Smiths и Морисеј за препакување на истиот материјал во нови компилации.’

Музички стил[уреди]

Морисеј и Мар ja одредија музичката насока на The Smiths. Во 1990 година Мар изјави дека ‘тоа е 50/50 работа помеѓу мене и Морисеј. Бевме целосно во склад за тоа кој во кој правец треба да одиме за секоја песна.’’Не-ритам и блуз, помалку од бела фузија на рок од 1960-тите и пост панк се спротивставување на современиот денс поп од страна на групата ’ – стил популарен во раните 1980-ти. Групата намерно отфрла синтисајзер и денс музика. Понекогаш ја користат и Montaques and Capulets на Сергеј Прокофиев како најавна музика на настапите во живо. Бурното Рикенбакерово свирење на гирата на Мар е под влијание на Роџер Мек Гуин од групата The Birds , од соработката на Нил Јанг со групата Crazy Horse, Џорџ Харисон и Џејмс Ханимен Скот од групата The Pretenders.Мар секогаш ја прилагодува неговата гитара до целосен Ф-тон за да се прилагоди со гласовните способности на Морисеј а исто така користи и слободни приспособувања.Цитирајќи го продуцентот Фил Спектор како влијание, Мар вели, ‘Ми се допаѓа концептот на плочите, дури и на оние со многу простор,кои што звучат ‘симфониски’. Ми се допаѓа помислата како сите музичари се спојуваат во една атмосфера. ’ Други омилени гитаристи на Мар се Џејмс Вилијамсон од групата The Stooges , Пит Таунсенд од групата The Who,Џими Хендрикс ,Марк Болан , Кит Ричардс и Џон Мек Гиок од групата Magazine и групата Siouxsie and the Banshees. Улогата на Морисеј е да создава вокални мелодии и текстови. Пишувањето на песните на Морисеј е под влијание од панк рок и пост-панк групи како што се The New York Dolls, The Cramps и The Cult, заедно со женските групи и изведувачи како што се Дасти Спрингфилд , Сенди Шо , Мериен Фејтфул и Тими Јуро. Текстовите на Морисеј, покрај тоа што се површно депресивни , исто така се и полни со саркастичен хумор;Џон Пил дава коментар дека The Smiths се една од неколкуте групите кои што успеваат да го насмеат на глас.Под влијание на неговиот интерес од детството за социјалниот реализам од телевизиските серии во кои што главните ликови се опишани како агресивни млади луѓе во Британија во 1960-тите години.Морисеј пишува за обичните луѓе и нивните искуства со очај , отфрлање и смрт.Додека ‘песните како што е ‘Still Ill’ ја обележуваат неговата улога како претставник на незадоволната младина’, манично депресивните бладања а и неговиот заземен став на ‘јадот во мене’ поттикнаа неколку непријателски настроени критичари да ги опишат The Smiths како ‘мизерни’.

Сликовито изложување[уреди]

Уметничките дела на кориците на групата имаат посебен визуелен стил и секогаш прикажува слики од филмови или поп ѕвезди, обично во две бои. Замислата е од Морисеј и координаторот на Rough Trade Ar, Џо Сли .Кориците на песните ретко содржат некаков текст освен името на групата , а и самите членови на групата се немаат појавено на кориците на ниту една насловна страна во Велика Британија.(Морисеј сепак се има појавено на корицата на алтернативната преработка на ‘ What Difference Does It Make?’, имитирајќи ја позата на британскиот актер Теренс Стамп кој што подоцна приговара за користењето на неговата слика.) Изборот за темите на кориците го одразува интересот на Морисеј кој култните филмски ѕвезди (Стамп , Алан Делон , Џин Мараис , Варол ,Џо Далесандро , Џејмс Дин );личности од британската поп култура од шеесетите години (Вив Николсон ,Пет Финикс ,Јута Џојс , Шила Деланеј ); и немознати слики од стари филмови и списанија. The Smiths се облекуваат главно во обична облека – фармерки и едноставни кошули – во согласност со враќање на старото , и музичкиот стилот на гитара и тапани. Ова е во спротивно со егзотичната претстава на висока мода негувана од New Romantic поп групи како што се Spandau Ballet и Duran Duran, и нагласени во списанија како што се the Face и i-D.Во 1986 година кога The Smiths настапуваат на британската музичка емисија The Old Grey Whistle Test, Морисеј носи лажен апарат за слушање за да го поддржи еден фан кој што бил засрамен од користење на таков апарат и исто така носи и очила со дебел оквир во стилот на National Health Service.

Наследство[уреди]

The Smiths имаат влијание врз голем број на алтернативни рок групи.Уште во 1985 година ‘the Smiths предизвикаа осип на слични групи , вклучувајќи ги Јames,кои што ја отворија турнејата на The Smiths во 1985 година.’ Свирењето на Мар ‘е огромен поттик за идните легенди од Манчестер кои што одеа по стапките на The Smiths, како што се The Stone Roses, чиј што гитарист Џон Сквајр изјави дека Мар има влијание врз него. Гитаристот на групата Oasis ,Ноел Галагер исто така изјави дека The Smiths имаат влијание врз него , особено Мар, Галагер вели дека ‘кога групата The Jam се раздели , The Smiths почнаа, и јас целосно се навлеков на нив’’ Во 2007 година,Симон Годард тврди дека ‘како еден од навистина важен глас на 80-тите години,The Smiths се највлијателната група со гитара на деценијата. Како првите инди аматери кои што постигнаа главен успех по сопствени залуги (нивниот втор албум од 1985 година ,Meat Is Murder го достигна првото место во Велика Британија),тие го искачија стандардната рок формула од четири стихови во нови димензии на магија и поезија. Нивното наследство може да проследи почнувајќи од The Stone Roses, Oasis, и The Libertines па до денешните умешни групи со гитари.’ Симон Рејнолдс од списанието Uncut за групата напиша: ‘Еднаш,многу одамна, една група од северот дојде со толку свеж и енергичен звук што веднаш ја освои нацијата.Звукот е рок, но критички е и поп исто така:концизен,впечатлив, мелодичен, сјаен без да е ‘вештачки’.Пејачот е оригинален,изнесувајќи спој на чувствителност и сила, пркост и нежност, преку регионално променлив глас.Од усните на момчето излегуваат искрени зборови кои што се реални без да бидат строги , полн со саркастичен хумор и убаво проучени детали. Многумина го идентификуваа нивниот прв албум како белег, вистинска класика.’ Брит-поп движењто попречено од Тhe Stone Roses а предводено од групи како што се Oasis, Suede и Blur , примаат многу од приказот и носталгијата на Морисеј за мрачната Англија од минатото. Групата Blur е формирана како резултат од учеството на Тhe Smiths на The South Bank Show во 1987 година.Сепак, дури и водечките групи од брит-поп движењето имаа влијание од The Smiths , тие се во расчекор со ‘основните против-власни филозофии од Морисеј иThe Smiths ’, бидејќи брит-поп ‘е целосно комерцијална замисла.’Марк Симсон аведува дека ‘целата поента на брит-поп е да се отстране Морисеј од оваа слика ...Морисеј мораше да стане ‘непожелна личност’ за деведесетите години и нивните главни планеви и координидана поп економија можат да се случат .’ Драмата William на писателот Шон Даган , шоуто Half a Person:My Life as Told by The Smiths на Алекс Брон ,романот Girlfriend in a Coma на Дагас Купланд од 1988 година, автобиографијата Heaven Knows I’m Miserable Now на Ендру Колинс ,романот How Soon is Never? на Марк Шпиц , поп групата Shakespear’s Sister , непостоечката арт-панк група Pretty Girls Make Graves , и краткиот книжевен филм на полскиот филмски режисер Пржемислав Војчеиезек за дваjca полски обожаватели на The Smiths,Louder Than Bombs, сите овие се инспирирани или именувани по песни или албуми од The Smiths.Албумот на Тhe Smiths , The Queen Is Dead , е спомната во приспивната песна ‘Dress Like Your Mother’. Песната на The Smiths, How Soon Is Now? е најавна песна на американската телевизиска серија Charmed а во обработена верзија на филмот на Columbia Pictures , The Craft, од 1996 година, во кој што е одобрена да ја изведуваат Love Spit Love.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главни статии: „The Smiths discography“ и „List of songs recorded by The Smiths.
Студиски албуми


Шаблон:The Smiths

Шаблон:Use British English