Предлошка:Дали сте знаеле
Во интерес на големината на содржината, за секоја новододадена занимливост од ДсЗ на врвот, отстранете една стара од дното и ставете го на врвот од архивата, благодариме.
Можете да додадете {{subst:ДСЗФ|Именастатијата}} на страницата за разговор на корисниците кои дале значителен придонес врз статијата од која е извлечена занимливоста. |
- ... дека вредностите на водородниот показател (pH) за киселост или базност се логаритамски?
- ... дека областа Барања е поделена помеѓу Унгарија и Хрватска?
- ... дека стапчињата за јадење влегле во широка употреба дури за време на династијата Минг (XIV-XVII век), иако постоеле со илјадалетија?
- ... Џон Кабот (Џовани Кабото) е првиот европски откривач на Северна Америка, не сметајќи ги Викинзите?
- ... Тајане е македонски календарски обичај поврзан со празникот раѓањето на Јован Крстител?
- ... покрај аритметичката и геометриската средина, модусот, медијаната, и просекот се видови на средна вредност?
- ... дека првата банкнота во Европа е издадена во Шведска во 1661 година?
- ... дека највисоката планина во Австралија е наречена по полско-литванскиот национален херој Тадеуш Кошќушко?
- ... дека самопрогласената Баварска Советска Република постоела помалку од еден месец?
- ... дека Кузман Шапкарев му бил зет на Димитар Миладинов?
- ... дека стоболката (Spermophilus citellus) е така наречена поради народното верување дека лечи од сто болести?
- ... дека Удовскиот Остров на реката Вардар е најголемиот речен остров во Македонија и втор по површина во земјата?
- ... дека според преданието, средновековниот утврден град Женско во Кукушко бил така наречен бидејќи имал толку силни кули и бедеми, што можеле да го бранат жени?
- ... дека разбојот на Жозеф Мари Жакар од 1805 г. работел на програми со дупчени картички и послужил како основа за развојот на сметачите?
- ... дека Кристофер Колумбо никогаш не стапнал на самиот северноамерикански континент?
- ...дека во 843 г. Франкија е поделена на три дела помеѓу синовите на Лудвиг Побожниот, внуци на Карло Велики, и дека од овие кралства потекнуваат денешните земји Германија, Франција и Италија?
- ... дека во делото „Математички начела“ (Principia Mathematica), Бертранд Расел и Алдред Н. Вајтхед даваат доказ дека 1+1=2?
- ... дека баобабот во своето стебло складира до 120.000 литри вода?
- ... дека Турку останал најголем град во Финска дури и кога три четвртини од него изгореле во пожар?
- ... дека половината сојузни држави на САД носат имиња добиени од домородните американски јазици?