Черепни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Черепни
Черепни
Период: ран камбриум - денес
Тихоокеанска лигава јагула
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
(нерангирано): Черепни
Linnaeus 1758[1]:240
Потколена

змиулковидни (Petromyzontida) (спорно)
лигави јагули (Myxini)
'рбетници (Vertebrata)

Черепните (науч. Craniata) се предложен клад на хордови животни во кој спаѓаат потколената лигави јагули (Myxini), змиулковидни (змиулки и изумрени роднини) и виличните ‘рбетници[2][3]. Како што вели името, черепните се животни со череп, кој може да биде тврдокоскен или ‘рскавичен.

Особености[уреди]

Во наједноставен смисол, черепните се хордови животни со глави, па затоа ова ги исклучува животните од хордовите потколена туникати и бесчерепни, но ги опфаќа лигавите јагули, кои имаат ‘рскавични черепи и забести образби составени од кератин. Во черепните спаѓаат и сите змиулки и оклопни безвилични риби, оклопни риби, бодликави ајкули, ајкули, раи и лизгачи, коскени риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Главата на черепните се состои од мозок, сетилни органи (вклуч. очи) и череп.[4][5]

Покрај својствените черепи, черепните имаат и многу други изведени особености кои го имаат овозможено развојот на други сположени елементи. Молекуларно-генетската анализа покажува дека, во споредба со попростите животни, черепните имаат развиено дуплирани комплети од голем број на семејства на гени што се занимаваат со клеточна сигнализација, транскрипција и морфогенеза.[2]

Черепните животни се многу поактивни од туникатите и бесчерепните и поради тоа имаат поголеми метаболични потреби, како и неколку анатомски приспособувања. Водните черепни животни имаат жабрени засеци кои се поврзани со мускулите и нервите што испумпуваат вода низ засеците (наспроти бесчерепните, чии грлени засеци се користат само за процедување) и со тоа служат како за прехрана, така и за размена на гасови. Хранопроводот е обложен со мускули, туркајќи ја храната до стомакот. Тоа им има овозможено на вишите черепни како цицачите да развијат посложени системи за варење и со тоа да ја усовршат ефикасноста. Черепните имаат крвоточен систем со срце со две или повеќе комори, црвени крвни зрнца и хемоглобин за пренос на кислород, како и бубрези.[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Donoghue, Phillip C. J.; Forey, Peter L.; Aldridge, Richard J. (2000). „Conodont affinity and chordate phylogeny“. „Biological Reviews“ 75 (2): 191–251. doi:10.1017/S0006323199005472. PMID 10881388. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Campbell & Reece 2005 стр. 676
  3. Cracraft & Donoghue 2004 стр. 390
  4. Campbell & Reece 2005 стр. 675-7
  5. Parker & Haswell 1921