Потколено
Од Википедија, слободната енциклопедија
Во научна класификација на живите организми, потколено (науч. subphylum) е таксономски ранг што се употребува во зоолошка номенклатура. Во таксономската хиерархија, потколеното е под коленото, а над наткласата.
Кај габите и растенијата се користи еквивалентниот таксономски ранг „пододдел“.
Примери [уреди]
Не сите колена на животни се делат на потколена. Впрочем, потколена имаат само следниве:
- Членконоги (Arthropoda): се дели на потколената трилобитни, клештари, многуноги, шестноги и ракови,
- Раменоноги (Brachiopoda): се дели на потколената јазичестовидни, черепни и нечерепни зглобни,
- Хордови (Chordata): се дели на потколената туникати, бесчерепни и најголемото потколено - 'рбетници.

