Клештари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клештари
Жолт дерматофагоид
Lorryia formosa
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Потколено: Chelicerata
Хејмонс, 1901
Класи

Arachnida
Merostomata
Pycnogonida
Eurypterida

Поттипот клештари (односно Chelicerata) е древна група на членконоги која ги вклучува и истребените Eurypterida (морски скорпии). Главни карактеристики по кои видовите од овој поттип се разликуваат од останатите членконоги се отсуството на антени и присуството на хелицери (клештовидни структури) како прв пар на екстремитети.

Првите древни клештари најверојатно еволуирале пред околу 600 милиони години. Тие сега се разликуваат од другите членконожни видови по тоа што имаат најмалку шест пара на телесни додатоци: обично четири екстремитети за одење, како и пар на хелицери и пар на педипалпи. Исто така, тие не поседуваат мандибула, немаат антени и телото е поделено на две (а не три) дела, исто како кај Uniramia:

  • прозом (главограден регион) и
  • опистозом (стомачен регион).

Клештарите се обично билатерално симетрични, имаат целосен дигестивен систем, поседуваат унирамни додатоци, имаат неваровников егзоскелет и се гонохористи.

Хелицератите немаат типични вилици за гризење и џвакање, туку ја цицаат храната во течна или полутечна форма. Но, оваа храна може да биде растргана од хелицерите пред ингестијата. Повеќето видови имаат екстерна дигестија, што значи дека тие секретираат дигестивни сокови на храната како што таа се приближува кон устата или инјектираат дигестивни сокови во телото на пленот, по што ја цицаат резултирачката супа.

Вклучувањето на класата Pycnogonida (морски пајаци) во клештарите е генерално прифатено, но не е научно докажано, бидејќи фосилниот фонд за морските пајаци е многу мал и тие многу се разликуваат од другите клештари.

Поттипот на клештари содржи повеќе од 80,000 видови познати на науката, од кои повеќето се арахниди поделени речиси еднакво меѓу пајаците и дерматофагоидите.

Копитести краби (Merostomata) Пајаковидни (Arachnida) Морски пајаци (Pycnogonida)
5 вида 80,000 вида 1,000 вида