Шестноги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. F0DC82"
  1. F0DC82"
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Шестоноги
    Период: Ран Девон - денес
Phyllobius calcaratus, вид на тврдокрилец
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Потколено: Hexapoda
Latreille, 1825
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. F0DC82" | Класи & редови

Класа Insecta
Класа Entognatha

Поттипот на шестоногите (Hexapoda, од грчки што значи шест нозе) е најголемата групација на членконоги. Таа ги вклучува групите Insecta и блиските на нив Collembola, Diplura и Protura. Порано овие три групи се сметале за бескрилни инсекти, но постојат големи разлики во надворешните структури, органските системи и постембрионалниот развиток, што укажува на еволутивна дивергенција меѓу инсектите и трите останати блиски групи Protura, Diplura и Collembola. Многу ентомолози се уште ги сметаат овие три таксони за ,,примитивни‘‘ редови на инсекти, додека други ги класифицираат како редови во одделна класа (Entognatha), а трети инсистираат на тоа дека разликите ги надминуваат сличностите и го сметаат секој таксон за посебна класа на членконоги.

Одлики[уреди]

Структурно и еколошки, неинсектските шестоноги делат многу сличности со многуногите. Сите членови на овие таксони подлежат на аметаболен развиток (јајце, младенче, возрасна единка); Protura придодаваат по еден телесен сегмент за време на секое од првите три преслекувања (анаморфоза). Како и многуногите, Protura, Diplura и Collembola се ограничени на влажни средини, бидејќи нивниот егзоскелет нема заштитен слој на восок. Нивниот тенок телесен ѕид дозволува гасна размена со околината и служи како важен респираторен орган (некои протури немаат трахеален систем). За време на преслекувањето, егзоскелетот на протурите и колемболите се разделува трансверзално зад главата (како кај илјаданогалките и стоногалките), отколку лонгитудинално долж грбната страна (како кај инсектите).

Протурите немаат антени, но диплурите и колемболите имаат добро развиени, мултисегментни антени. Како и кај многуногите, целата должина на антената е со мускули, така што секој сегмент е опремен со посебни мускули и секој сегмент е способен за независно движење. Повеќето еволуциони биолози го сметаат овој податок за примитивна карактеристика (плеизиоморфна состојба), бидејќи сите други шестоножни членконоги (вистинските инсекти) имаат мускули само во првиот антенски сегмент и педицелот, двата базални сегменти на антените.

Надворешното оплодување е уште едба плеизиоморфна карактеристика која неинсектските хексаподи ја споделуваат со многуногите. Кај сите овие групи, половите се одделни (гонохористи), но директното оплодување на женката (копулација) не се случува. Наместо тоа, мажјакот произведува пакети од сперма (сперматофори) кои ги сместува на почвата или друг супстрат, што ќе бидат собрани од женката. Обично сперматофорите се депозираат случајно во околината и случајно се откриваат од страна на женките. Кај некои видови, мажјаците ги депозираат сперматофорите само во присуство на партнер за парење.

Филогенетски односи[уреди]

Многуногите традиционално се сметаа за најблиски сродници на шестоногите врз основа на морфолошките сличности. Тогаш тие се сметале за поткласи во рамките на поттипот наречен Tracheata, Uniramia или Atelocerata. Меѓутоа, поновите истражувања ставија сомнеж на оваа систематика, и веројатно дека нивни најблиски сродници би можеле да бидат ракообразните.[1] Неинсектските шестоноги се сметале како една еволутивна линија, обично третирана како класа Entognatha (кладограм А), или како групација од неколку линии во различни односи со класата Insecta. Всушност, Diplura би можеле да се поблиски со Insecta отколку Collembola или Protura (кладограм В). Постојат и некои докази кои укажуваат на тоа дека шестоножните групи веројатно не споделуваат заеднички предок и дека Collembola припаѓаат во друга група.

Молекуларните анализи укажуваат дека шестоногите дивергирале од нивната сестринска група - Anostraca на почетокот на силур, пред 440 милиони години - што коинцидирало со појавата на васкуларните растенија на копното.[2]

Следните кладограми ги прикажуваат трите можни филогенетски односи меѓу шестоногите и се основани на проектот Tree of Life;[3] Diplura имаат нестабилна положба:

Hexapoda
Entognatha
Ellipura
      

Collembola



Protura




Diplura



Ectognatha

Insecta



A

Hexapoda
Ellipura
      

Collembola



Protura





Diplura



Insecta




B

Hexapoda
Ellipura
      

Collembola



Protura




Diplura



Insecta



Наводи[уреди]

  1. Giribet, G., Edgecombe, G.D. and Wheeler, W.C. (2001). „Arthropod phylogeny based on eight molecular loci and morphology“. „Nature413 (6852): 157–161. doi:10.1038/35093097. PMID 11557979. 
  2. Gaunt, M.W.; Miles, M.A. (1 May 2002). „An Insect Molecular Clock Dates the Origin of the Insects and Accords with Palaeontological and Biogeographic Landmarks“. „Molecular Biology and Evolution“ 19 (5): 748–761. ISSN 1537-1719. PMID 11961108. http://www.mbe.oupjournals.org/cgi/content/abstract/19/5/748. конс. 14 јули 2007. 
  3. Tree of Life, Hexapoda