Црна рибарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Црна рибарка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Бекасови
Фамилија: Рибарки
Род: Chlidonias
Вид: Црна рибарка
Биномен назив
Chlidonias niger
(Linnaeus, 1758)
Подвидови
  • C. n. niger
    (евроазиска црна рибарка)
  • C. n. surinamensis
    (северноамериканска црна рибарка)

Црната рибарка (науч. Chlidonias niger) е мала рибарка која живее во близина на копнените води низ Европа и Северна Америка, ја има и во Македонија. Како што кажува името, таа има претежно темно перје.

Опис[уреди]

Во лет, Исланд

Возрасните црни рибарки се долги 25 см, со распон на крилјата од 61 см и тежина 62 грама. Имаат кратки темни нозе и црн клун кој изгледа слабо, долг 27-28 мм, речиси колку големината на главата. Клунот е долг, тенок и е малку закривен. Имаат темно сив грб, со бело на предниот дел од крилјата, црна глава, црн врат (понекогаш прошаран со сиво кај возрасните) и црн стомак. Имаат црна или црнокафеава капа (која се соединува со покривот на ушите, формирајќи речиси целосна качулка) и имаат светло кафеавосива раширена опашка. Лицето е бело, но имаат голема триаголна дамка пред окото, и широк бел околувратник кај младенчињата. Имаат сивкавокафеави дамки по краевите на градите, кои оддолу се прошируваат нагоре. Овие ознаки се разликуваат по големина и не се воочливи. Вон сезона на парење, поголемиот дел од црното, исклучувајќи ја капата, се заменува со сиво.

Расата на Северна Америка, C. n. surinamensis, целосно се разликува од европската во перјето и некои сметаат дека е тоа посебен вид.

Во лет, градбата на птицата делува слабо. Замавнувањето на крилјата е полно и динамично и летот е често непредвидлив кога е близу до водата и во потрага по храна.

Хибридизација со белокрилата рибарка[уреди]

Хибридизацијата на овој вид со белокрилата рибарка е забележано во Шведска [2] и Норвешка.[3] Две малденчиња во Англија, во септември 1978 и септември 1981, исто така, се верува дека биле хибридни форми зашто покажувале измешани карактеристики од двата вида, особено комбинацијата на темна мантија (како кај белокрилата) со темни дамки на страните од градите (карактериситика на црната).[4][5]

Распространетост и живеалиште[уреди]

Црна рибарка живее во слатководните мочуришта низ речиси цела Канада, северни САД голем дел од Европа и западна Азија. Тие обично гнездат на пловечки растенија во самата вода или на земја многу блиску до водата, каде несат 2-4 јајца во гнездото изградено од мали трски или друга вегетација.

Тие се птици преселници кои зимуваат во Африка, а американските во северниот дел на Јужна Америка.

Како другите барски рибарки, (Chlidonias), и за разлика од белите (Sterna) рибарки, овие птици не нуркаат во лов на риба, туку летаат полека над водата и собираат инсекти од површината или ги ловат во лет. Претежно се хранат со инсекти, мали риби, како и водоземци.


Скитници[уреди]

Птици од американската раса се среќаваат како заскитани во Велика Британија[6][7] и во Ирска.[8][9][10]

Статус[уреди]

Северноамериканската популација во последно време се намалува поради загубата на живеалиштата на птиците.

На црната рибарка се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни птици преселници.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2012). Chlidonias niger. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2012.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/106003292. конс. 16 јули 2012.  (англиски)
  2. (шведски) Alexandersson, H. (1979) En hybridisering mellan vitvingad tärna Childonias leucopterus och svarttärna Childonias niger på Öland 1978 Calidris 8: 151-53
  3. (холандски) Van IJzendoorn, E. J. (1980) Broedgeval van Zwarte Childonias niger × Witvleugelstern C. leucopterus Dutch Birding 2: 62-65
  4. Vinicombe, Keith (1980) Tern showing mixed characters of Black Tern and White-winged Black Tern British Birds 73(5): 223-25
  5. Davis, A. H. (1980) Tern showing mixed characters of Black and White-winged Black Tern British Birds 75(12): 579-80
  6. Andrews, Richard, Rupert Higgins and John Martin (1999) The American Black Tern in Avon Birding World 12(10): 416-18 (an account of the first British record)
  7. Andrews, R. M., R. J. Higgins and J. P. Martin (2006) American Black Tern at Weston-super-Mare: new to Britain British Birds 99(9): 450-59
  8. Adriaens, Peter (1999) The American Black Tern in County Dublin Birding World 12(9): 378-79
  9. Bradshaw, Colin (2003) The American Black Tern in County Kerry Birding World 16(10): 434
  10. Mullarney, Killian (2003) The American Black Tern in Co. Wexford Birding World 19(7): 279-82

Надворешни врски[уреди]