Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ - Сер

Координати: 41°5′40.2″N 23°33′14.3″E / 41.094500° СГШ; 23.553972° ИГД / 41.094500; 23.553972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат
Αγίων Θεοδώρων Τήρωνος και Στρατηλάτου
Западната фасада на црквата со параклисот „Св. Калист Цариградски“
Карта
41°5′40.2″N 23°33′14.3″E / 41.094500° СГШ; 23.553972° ИГД / 41.094500; 23.553972
МестоСер
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
ИзградбаVI век
Управа
Архијерејско намесништвоСерско
ЕпархијаСерско-нигритска

Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат (грчки: Αγίων Θεοδώρων Τήρωνος και Στρατηλάτου) — средновековна црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е сместена во центарот на градот и некогаш била катедрала на Сярската митрополија. Претставува голема правоаголна базилика со внатрешни димензии од 15,60 × 24 м, поделена на два дела од пронаос и наос. Внатрешноста е поделена на три кораба со два реда столбови .[2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Друг поглед на храмот

Првобитната градба веројатно е подигната во VI век.[2][3] Се забележуваат трагите од мнојгукратните обнови. Натписот „ΙΕΡΟC Ο ΦΙΛΙΠΠΟC ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗC ΤΟΝ CΙΚΟΝ ΕΔΟΜΗ [CΑΤΟ ΚΛΗCΕΙ ΘΕΟΔΩΡΟΥ ΜΑΡΤΥΡΟC ΤΟΥ ΚΑΛΛΙΝΙΚΟ[Υ]“ каде се споменува маченикот Теодор, укажува на осветување на храмот во XI или првата третина на XII век. Од крајот на IX век светецот добива две лица — Теодор Тирон и Теодор Стратилат. Првично била базилика со трансепт, која е видоизменета за време на царот Василиј IIжртвеникот добил лакови, а шест обоени столбови го држат оловниот покрив и истовремено го делат храмот на три кораба. Веројатно црквата настрадала при заземањето на Сер од бугарскиот цар Калојан во 1205 г. Во 1221 г. со градот завладеал епирскиот деспот Теодор Комнин Дука, кој го збогатил храмот со убави мозаици. Во 1255 г. никејскиот цар Теодор II Ласкарис ги опковал иконите во црквата со сребро како благодарност кон светците за тоа што му помогнале во освојувањето на Мелник кој паднал во бугарски раце. Храмот има раскошни украси; Јован Педиасим ги опишал мермерната преграда на олтарот, владичкиот престол, одделчувачките зелени столбови, мозаиците, столбовите на олтарниот влез и.т.н.[2]

Во црквата има вредни садови, икона на Богородица, позлатен крст, денес изложен во Национален историски музеј во Бугарија, позлатените черепи на Теодор Тирон и Теодор Стратилат, нивните мечеви и коскениот жезол на патријархот Генадиј Схолариј.[2]

Во 1571 г. храмот е ограбен од Турците и претрпел големи штети. Во 1602 г. митрополитот Теофан Флорас го изградил западниот ѕид, кој денес е почетон на нартексот, како и женската црква, за што сведочи летописецот Синодин Попсидеров. Истата година мермерниот иконостас е заменет со дрвен, што било распространето во тоа време. Новиот иконостас, за да ги интегрира органски жртвеникот и ѓаконикот во олтарниот простор без столбовите на мермерниот иконостас, е застанат на основа пред триумфалната арка и го опфаќа просторот каде биле иконите на Христос Благословувач и Богородица Избавителка; тие биле отстранети од тоа место и до 1868 г. во целиот храм немало ниедна икона на Христос, а икона на Богородица има само на западниот ѕид.[2]

Во 1725 г. е живописан јужниот ѕид.[2] Во 1845 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) забележал дека храмот има траги од длабока древност иако е подновен. Во него се зачувани 6 столбови од зелен мермер и неколку камења со претстави и грчки натписи. Григорович овде не ги нашол старите грчки и српски документи за кои имал претходни сознанија.[4]

Црквата настрадала во големиот пожар кој го опфатил Сер во 1849 г.,[2][5] во кој делумно е уништена мозаичната композиција „Апостолски собор“. Во 1868 г. митрополитот Неофит Серски на местото на чешмата, која пред овој пожар била во јужниот двор и служела за симболично миење на верниците, ја изградил камбанаријата, вградувајќи ја во неа иконата на Христос Благословувач. Внатрешноста е осветлена од три сребрени полилеи — еден со 33 свеќи во три реда во средиштето на наосот, вториот со 9 свеќи пред царските двери и третиот со 30 свеќи веднаш по главниот влез во наосот.[2]

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за црквата:

Катедралната црква — тука секој го знае тоа — е старина, исто така изградена од Душан. Во Св. Тодор има столбови од лиен камен (сомаки) и украси од мозаик. Ми имаат кажувано дека пред дваесетина години грчкиот владика повикал еден ѕидар дебранец да направи некои поправки во олтарот. Го натерале да преврти камена плоча со словенски натпис. Мајсторот ова го познал бидејќи прочитал некои букви.[6]

Интересни се податоците за храмот од Атанас Шопов, објавени во 1893 г.:

Серската грчка катедрална црква, која е една од најстарите, на еден надворешен ѕид имала словенски натписи, напишани со тули кога е создадена црквата; тие натписи сега се избришани.[7]

На 28 јуни 1913 г. храмот настрадал од бугарската војска која се повлекувала за време на Втората балканска војна. На почетокот на 1917 г. бугарската окупаторска власт ја симнала иконата на Богородица Избавителка и ја однеле во Бугарија.[2]

Обновителните работи во црквата започнале во 1938 г. под раководство на Анастасиос Орландос и завршиле во 1959 г. под надзор на Евстатиос Стикас.[2] Во 1983 г. храмот е повторно ремонтиран, а во 2008 г. во конхата на жртвеникот е обновен мозаикот „Апостолски собор“ во својот првобитен изглед.[2]

Во 1962 и повторно во 1973 г.[8] црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Δαδάκη, Σταυρούλα. „Ναός Παλαιάς Μητρόπολης Σερρών“. Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού. Архивирано од изворникот на 2022-12-03. Посетено на 20 мај 2014.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 „Ιερός Ναός Αγίων Θεοδώρων“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 6 февруари 2014.
  3. 3,0 3,1 Βουρουτζίδης, Χαράλαμπος. „Βυζαντινά και μεταβυζαντινά μνημεία της πόλης“. Βιβλιοθήκη Σερρών. Архивирано од изворникот на 2018-06-17. Посетено на 13 мај 2014.
  4. Викторъ Григоровичъ. „Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“. Москва, 1877.
  5. Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, стр. 44-45.
  6. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 829.
  7. Шоповъ, А (1893). Изъ живота и положението на българитѣ въ вилаетите (PDF). Пловдивъ: Търговска Печатница. стр. 157.
  8. „ΥΑ 31396π.ε./243/25-1-1973 - ΦΕΚ 114/Β/29-1-1973“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-21. Посетено на 30 октомври 2014.
  9. „ΥΑ 6533/25-5-1962 - ΦΕΚ 190/Β/2-6-1962“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-03-13. Посетено на 13 март 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]