Хјоринг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хјоринг
—  град  —
Хјоринг

Грб
Хјоринг се наоѓа во Данска
Хјоринг
Location in Denmark
Координати: 57°28′47.22″ СГШ 9°59′56.98″ ИГД / 
Население (2012)
 • Вкупно 24.867 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал http://www.hjoerring.dk/

Хјоринг е значаен град во Данска, кој се наоѓа во северниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Северна Данска, каде со околните населени места, претставува општина, Општина Хјоринг. Денес Хјоринг има околу 25.000 жители во градот и околу 67.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди]

Хјоринг се наоѓа во северниот дел на Данска и претставува најсеверно големо населено место во државата. Од главниот гдад Копемхаген, градот Хјоринг е оддалечен само 460 километри северозападно.

Релјеф: Градот Хјоринг се наоѓа во средишниот дел на најсеверниот дански остров Вендсисел. Градското подрачје е претежно рамничарско. Надморската височина на средиштето на градот се движи помеѓу 0-40 метри.

Клима: Климата во Хјоринг е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Хјоринг се формирал во близина на северниот брег на Северно Море. Во градот има и поголеми и значајни водени површини.

Историја[уреди]

Подрачјето Хјоринг било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба прв пат се споменува околу 1200 година, а во 1243 година населбата ги добила градските права.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди]

Денес Хјоринг има околу 25.000 жители во градските граници и околу 67.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Хјоринг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Глаерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]