Холандски гулден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Холандски гулден
Nederlandse gulden (холандски)
1869 Dutch 2.5 guilders reverse.png
ISO 4217 код NLG
Корисник  Холандија (до 2002)
 Холандски Антили (до 1940)
 Суринам (до 1962)
 Белгија (до 1832)
 Луксембург (до 1839)
Инфлација 2,6%
Извор worldpress.org, 2000 est.
ERM
Од 13 март 1979
Фиксен курс од 31 декември 1998
Заменето во €, non cash 1 јануари 1999
Replaced by €, cash 1 јануари 2002
= ƒ2.20371
Подвалута
1/100 Цент
Симбол ƒ или fl.
Множина гулдени
Цент центи
Монети
Најчесто користени 5c, 10c, 25c, ƒ1, ƒ2½, ƒ5
Поретко користени 1c (повлечен на 1 март 1983, ½c, 2½c повлечен 1948)
Банкноти ƒ5, ƒ10, ƒ25, ƒ50, ƒ100, ƒ250, ƒ1000
Централна банка De Nederlandsche Bank
Мреж. место www.dnb.nl
Печати Joh. Enschedé
Мреж. место www.joh-enschede.nl
Ковница Koninklijke Nederlandse Mint
Мреж. место www.knm.nl

Холандски гулден или холандски флорин (хол. Nederlandse gulden) (ISO 4217: NLG нумерички код: 528) е поранешна национална валута на Холандија.

На 1 јануари 1999 год. тој бил заменет од еврото као сметководствена валута. Замената на парите во оптек била извршена на 1 јануари 2002 година. Како законско срдство за плаќање гулденот важел до 28 јануари 2002 година.

Ознаката на валутата ƒ потекнувала од една постара валута - флорин (хол. florijn).

Историја[уреди]

Грофот Вилхелм V од Холандија и Зеланд прв ги исковал гулдените во Холандија во 1378 година. Поедини кнезови исто така ковале гулдени. Холандската држава настанала во 1581 год. со основањето на Републиката на седумте обединети провинции. Гулдените во Холандија биле ковани од 1601 година. Во 1814 година бил преуреден монетарниот систем во Обединетото Кралство Холандија.

Холандската национална банка прва во Холандија почнала да печати хартиени пари. Овие банкноти станале законско средство за плаќање во 1904 година.

Монети и банкноти од 1945 до 2000 г.[уреди]

До воведувањето на еврото во оптек биле:

  • монети: 5 центи (Stuiver), 10 центи (Dubbeltje), 25 центи (Kwartje), 1, (Rijksdaalder), 5 гулдени
    Монетите од ½ цент биле повлечени од оптек во 1948 г.; оние од 1 цент биле укинати на 1 март 1983 г.
    Монетите од 5 гулдени во употреба биле воведени на 1 мај 1988 год.
  • банкноти: 10, 25, 50, 100, 250, 1000 гулдени
    Банкнотите од 20 гулдени важеле до 1970 год.; банкнотите од 5 гулдени биле повлечени од оптек во 1990 год.
    Банкнотите од 50 гулдени се појавиле во 1981 год., а оние од 250 гулдени во 1986 година.

Воведување на еврото[уреди]

Курсот за размена изнесувал 1 Euro = 2,20371 NLG[1] . ISO 4217 ознаката на валутата била NLG. Монетите се разменувале до 1 јануари 2007, додека рокот за банкнотите е до 1 јануари 2032 г.

Гулденот, како валута, сè уште постои на Аруба (Арубиски гулден) и на другите холандски острови во Карибите (Холандскоантилски гулден).

Наводи[уреди]

  1. „Rules for exchanging guilder notes“. De Nederlandsche Bank. http://www.dnb.nl/en/payments/exchanging-guilders/rules-for-exchanging-guilder-notes/. конс. 26 мај 2011.