Тирамису

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тирамису
Парче Тирамису

Тирамису (итал. Tiramisù / Венетски: Tiramesù, IPA: [tirame'su]) е италијански десерт којшто се приготвува со пишкоти, натопени со кафе еспресо, сирење маскарпоне (меко, слатко и кремасто, вид на слатка павлака), јајца, шеќер, вино марсала или рум и какао.

Потекло и подготовка[уреди]

Различни извори наведуваат дека овој десерт настанал во градот Тревизо, во ресторанот "Le Beccherie", од рацете на слаткарот Роберто Лингваното, наречен Лоли. Согласно други верзии, десертот тирамису настанал во Сиена (град во Тоскана), во чест на војводата Козимо III во прилика не една негова посета на градот.

Тирамису е еден од најпопуларните десерти; се сервира секаде, не само во италијанските ресторани и пицерии. Рецептата му е адаптирана за торти, пудинзи, сладоледи и други варијанти на десерти. Наместо кафе може да се употребат други состојки како сок од јагоди, малини или лимон, како и чоколадо.

Како да се подготви Тирамису

Занимливости[уреди]

Во оригиналната рецепта не е наведена употреба на алкохолот, со оглед на тоа дека на почетокот овој десерт бил наменет за сите, од деца до возрасни и стари.

Надворешни врски[уреди]