Торта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Парче сахерторта со шлаг како гарнир

Тората е еден вид леб или храна слична на лебот. Во поново време, тоа најчесто претставува благ, печен десерт збогатен со најразлични состојки. Порано, тортата всушност претставувала печен леб или чизкејк и имала тркалезна форма. Тешко е да се одлучи дали една храна може да се класифицира како леб, торта или колаче.

Модерните торти, особено тортите од неколку слоеви, најчесто се прават од брашно, шеќер, јајца и путер или зејтин, а некои видови во својот состав содржат и течности (млеко или вода) и издигнувачки агенси (како квасец или брашно за печење). Најчесто се додаваат состојки за вкус како овошно пире, ореви, зашеќерени цреши, рибизли или екстракти, а многу често, основните состојки може да се заменат со други. Тортите најчесто се прават со фил од кондензирано овошје или десертни сосови, премачкана со шлаг или друг вид на прелив, украсена со марципан по краевите или пак со зашеќерено овошје.

По избор на гостите, торта често се служи како десерт на церемонии, најчесто на свадби, годишнини и родендени. Има безброј рецепти за торти; некои повеќе наликуваат на пандишпан, некои се побогати и покомплицирани за правење; и додека многу внимание и напор се посвети на правењето торта (особено матење на јајцата, за перфектно да нарастат), опремата за печење и упатствата пак се толку упростени што дури и еден обичен аматер може да направи торта.

Видови торта[уреди]

Германска чоколадна торта

Тортите се поделени во неколку категории, кои се создаваат врз основа на состојките и техниките на правење.

  • Тортите кои се прават со квацес се најстар вид на торта и по состав се многу слични на лебот. Ваквиот вид на торта има традиционална форма и во овој вид торти спаѓаат колачите како бабка (колаче кое се подготвува за Велигден во земјите од Источна Европа) и штолен (колач со сушено овошје прелиен со шеќер, шеќер во прав или шербет)
  • Чизкејк – тоа и не претставува вид на торта воопшто. Чизкејкот е всушност крем-пита, со фил кој се прави од вид на сирење (и то најчесто крем-сирење, маскарпоне, рикота или некое слично сирење) и содржи многу малку или пак воопшто брашно иако филот мора да се постави на кора која се прави со брашно. Чизкејкот потекнува многу одамна, уште од времето кога се јадело колачи и торти засладени со мед во Стара Грција.
  • Пандишпан – иако се смета дека е прв вид на торта која се прави без квасец и зависи од количеството на воздух кој се создава при матењето на јацата за да може да се нарасте, понекогаш и со малку брашно за печење или други хемиски состојки кои се додаваат во случај смесата да не нарасте. Пандишпаните кои премногу се декорираат со разни преливи понекогаш се нарекуваат гато – француски збор за торта.
  • Торти со путер се фунта и американската чоколадна торта кои се прават со путер, јајца и понекогаш брашно за печење за да може да нарасте и да биде мека.
Голема торта украсена со јагоди

Покрај овој вид на групирање, тортите може да се поделат и според нивната соодветна придружба (кафе-торта) и според нивната содржина (на пример. овошна торта или чоколадна торта без брашно).

Торти наменети за свечени пригоди[уреди]

Тортите може да се групираат според приликата за која се наменети. На пример, свадбена торта, роденденска торта и торта за Пасха (вид на пандишпан кој Евреите го прават за Пасха), го добиле името пред се според нивната намена. Сечењето на свадбената торта во некои култури претставува посебен чин. Во Стар Рим, кога младоженците се венчавале морале да поделат торта.

Одредени видови на торти го добиле своето име и според некои празници, како што се штолен (за Божиќ), бабка и симнел (за Велигден) или месечинка (се служи на кинескиот фестивал во есен).

Форма на тортите[уреди]

Најчесто, тортите добиваат име според својата форма. Тие може да бидат мали и наменети за јадење само за една личност (слатка). Поголемите торти пак, се прават со цел да се поделат на парчиња за да се послужат како десерт. Тортите најчесто се прават во следниве форми:

  • Куглов - десерт кој се пече во специјален сад (куглов), кој има округла, прстенеста форма.
  • Бомбици - десерт во мали размери (од 2.5 до 5 сантиметри во ширина), во форма на топче.
  • Конусни торти, како Крокенбуш - француски колач кој воглавно се служи на свадби, крштевки и причести. Има форма на конус, составен од мали крем-колачиња прелиени со чоколадо или карамела, украсени со зашеќерени бадеми, чоколадо, цвеќиња или ленти. Името доаѓа од францускиот збор “croque en bouche” што значи “крцка кога се јаде”.
  • Капкејк и мадлен - капкејк е американска колаче, со големина доволна за да се послужи како десерт само на една личност. Се пече во мали и тенки книжни или алуминиумски чашки. Се декорира со прелив или чоколадни трошки; мадлен се многу мали сунѓерести колачиња во форма на школка. Се прават со ореви, бадеми и сок или кора од лимон.
  • Торта од повеќе слоеви - торта која е составена од неколку слоеви, помеѓу кои има фил. Најчесто се декорираат со шлаг, а понекогаш страните се оставаат непремачкаи за да може да се види филот и бројот на слоеви.
  • Торта од еден слој - тоа е всушност пандишпан кој се пече во голема, правоаголна тава. Овој вид на торта се прави со различни вкусови, но најчесто со вкус на чоколадо и ванила. Се додаваат и ореви, чоколадни парченца или кокос, се украсува со шлаг и чоколадни трошки.
  • Ролат - претставува сунѓереста кора, премачкана со фил која потоа се замотува. Кората се прави од јајца, брашно и шеќер и се премачкува со фил кој се прави во различни вкусови, се замотува и потоа се пресекува и се служи на кружни парчиња.

Брашно за торта[уреди]

Роденденска торта украсена со чоколадни парчиња и желирано овошје

За да се направи една торта потребно е специјано брашно за торта кое се прави од мека пченица со низок процент на протеини. Со овој вид на брашно, кој мора да биде избелено, тортите имаат полесен и помек состав и вкус во споредба со сенаменското брашно. Поради тоа, во рецептите за торти често се наведува дека треба да се користи меко, лесно и бело брашно, се со цел да се постигне подобар резултат. А понекогаш пак, потребно е да се употребува и сенаменско брашно бидејќи некои торти имаат потреба од поцврст и погуст состав.

Декорирање[уреди]

Чоколадна торта украсена со шлаг, јагоди, и сребрени шеќерни топчиња или Дражеи
Чоколадна торта

За да биде една торта комплетна, мора да биде украсена со шеќер во прав или шлаг и чоколадни трошки, кои се познати уште како и “џимис” во некои делови на САД и “илјадарки” во Велика Британија. Шлагот најчесто се прави од шеќер во прав, млеко или хопла и се додаваат арома на ванила или кокос. Некои слаткари користат и калапи особено за правење на свадбени торти (при изработка на овие калапи се користи желатин и глицерин за да се добие одредена цврстина. Често се користи и шеќер во прав и растопен мачмалоу. Калапот се развлекува како кора за пита и потоа се прекрива целата торта). Некои слаткари користат и сало. Го додаваат во шлагот за да се создадат воздушни меурчиња. Со тоа шлагот станува полесен и подобар за нанесување. Во домашни услови пак, се користи сало, путер, маргарин или комбинација од сите нив. Трошките се мали шеќерни парченца кои може да се обојат со разни прехранбени бои. При крајот на дваесеттиот век, се измислија нови начини на украсување. Ова вклучува и печатење на слики директно врз тортата.

За покомплицирано украсување се потребни специјални алатки како торбички или шприцови. На торбичките или шприцовите се ставаат цевчиња во разни форми по избор и потоа се полнат со шлаг. Бидејќи постојат голем број на цевчиња со разни форми, може да се направат најразлични шари. Постојат и разни прехранбени украси за торта како ѕвезди, цвеќиња, листови, разни топчиња итн.

Марципан (или крем од бадем), калап (крем од шеќер) или крем од путер се користат за да се украсат тортите, а воедно и за да се направат украси. Шеќерните цветови се многу важен дел од украсувањето на една торта. Тортите за свечени пригоди, како свадбените торти, најчесто се богати со овошје и се украсуваат со шлаг или марципан. Потоа со помош на шприц, им се украсуваат кравеите, па се додаваат и шеќерни цветови (најчесто темјанушки) и зашеќерено овошје (најчесто грозје).

Историја[уреди]

Иако разликата помеѓу торта и леб е јасно видлива, сепак тешко е да се направи вистинската поделба. На пример, леб од банана може да спаѓа и во групата на леб и во групата на торта.

Грците измислиле пиво кое има улога на квасец, пржени лепчиња во маслиново масло и чизкејк кој се прави со козјо млеко. Во Стар Рим, смесата за леб понекогаш била збогатувана со путер, јајца и мед и ваквата смеса добивала вкус на пандишпан. Во својата книга за прогонство Tristia (Тага), латинскиот поет Овидиј зборува за неговата и роденденската забава на брат му каде секој гостин бил пречекан со парче торта.

Порано, во Англија тортата всушност претставувала леб: единствената, очигледна разлика помеѓу "тортата" и "лебот" била мала. "Тортата" имала форма на круг и била рамна. Се разликувале и по начинот на правење, за време на печењето, тортата се превртувала еднаш за да може да се испече убаво од двете страни додека лебот пак се печел исправен.

Пандишпанот кој се прави со јајца, потекнува од периодот на ренесансата и најверојатно за прв пат бил направен во Шпанија.