Тир
Тир صور | |
---|---|
Град | |
Арапска транскр. | |
• Латински | Ṣūr |
Држава | Либан |
Гувернерство | Јужен Либан |
Округ | округ Тир |
Основан | ок. 2750 пр. н. е. |
Површина | |
• Град | 4 км2 (2 ми2) |
• Метро | 17 км2 (7 ми2) |
Население | |
• Град | 60.000 |
• Метро | 174.000 |
Час. појас | источноевропско време (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | источноевропско летно време (UTC+3) |
Тип: | културен |
Критериуми: | iii, vi |
Прогласено: | 1984 (8. седница) |
Број | 299 |
Тир (феникиски: 𐤑𐤅𐤓, арапски: صور) — град во Југозападен Либан, административен центар на округот Тир во гувернерството Јужен Либан. Неговото население е околу 60.000 луѓе. Расположен е на брегот на Средоземното Море, 70 километри јужно од главниот град Бејрут и 20 километри северно од границата со Израел, а историскиот дел од градот се наоѓа на природно заштитен полуостров. Тир е основан околу 2750 пр. н. е. а во древноста бил еден од главните феникиски градови.[1]
Во градот има многу древни споменици бидејќи Тир бил важен град на Феникијците и за време на Стариот Рим.[2] Според легендата, Европа и Дидона се родени во Тир.
Според Херодот, градот бил основан околу 2750 година пр. н. е. Тирските трговци биле првите трговци на Средоземното Море. Тие создале свои колонии на брегот на Егејското Море, на северниот брег на Африка, Сицилија, Корзика, Картагина и Шпанија. Древниот град се наоѓал на островот, додека населбата Ушу била на копното. Градот имал извонредно пристаниште и моќни одбранбени ѕидини високи 46 метри. Тир бил особено познат по производството на скапоцената пурпурна боја. Во 332 пр. н. е. Александар Македонски го уништил стариот град и изградил провлак што го поврзувал островот со копното.
Подоцна со овој град владееле Римјаните, Омајадскиот Калифат, крстоносците, Мамелуците и Османлиите. Кон крајот на X век, во градот избувнало христијанско востание против арапската власт, по што населението било уништено. Тир припаѓа на државата Либан од нејзиното основање во 1920 г. Денес во градот живеат шиитски муслимани, сунитски муслимани (палестински бегалци) и мал број христијани.
Градот како целина бил вклучен во Списокот на Светско наследство на УНЕСКО во 1984 г.[3] Историчарот Ернест Ренан забележал: „Можете да го наречете Тир градот на урнатини, изграден од урнатини“.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Maguire, Suzanne; Majzoub, Maya (2016). Osseiran, Tarek (уред.). „TYRE CITY PROFILE“ (PDF). reliefweb. UN HABITAT Lebanon. стр. 12, 16, 33–34, 39–43, 57, 72. Посетено на 29 октомври 2019.
- ↑ „The world's 20 oldest cities“. The Telegraph. 30 мај 2017. Посетено на 25 март 2020.
- ↑ „World Heritage List: Tyre“. United Nations Educational, Scientific and Cultural Organization. 2020. Посетено на 13 март 2020.
- ↑ Medlej, Youmna Jazzar; Medlej, Joumana (2010). Tyre and its history. Beirut: Anis Commercial Printing Press s.a.l. стр. 1—30. ISBN 978-9953-0-1849-2.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- American University of Beirut (AUB) Museum team discovers first Phoenician Temple in Tyre; only complete one in Lebanon
- Alexander's Siege of Tyre at World History Encyclopedia
- photo 2u Архивирано на 5 април 2019 г.
- Lebanon, the Cedars' Land: Tyre
- Mission archéologique de Tyr
- 360 Panorama of Tyre's Archeological Site
„Тир“ на Ризницата ? |