Сина патка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сина патка
Сина патка во Стаглендс, во долината Акатарава
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Род: Hymenolaimus
Gray, 1843
Вид: H. malacorhynchos
Научен назив
Hymenolaimus malacorhynchos
(Gmelin, 1789)
Подвидови
  • H. m. malacorhynchos
    јужноостровска сина патка
  • H. m. hymenolaimus
    северноостровска сина патка

Сината патка (науч. Hymenolaimus malacorhynchos) е птица од Нов Зеланд, член на семејството Патки. Таа е единствен член на родот (Hymenolaimus). Маорскиот збор за оваа птица е фио (whio), што е впрочем имитација на крикот што го испуштаат мажјаците. Младото се раѓа со зелен клун, но оваа боја трае само 8 часа и подоцна клунот ја добива конечната боја.

Птицата е долга 54 см и претставува ендемски вид во Нов Зеланд. Се гнезди во шупливи трупци, мали пештери и други засолнети места. Оваа патка живее во брзите планински реки. Плива одлично, дури и наспроти силни водни струи, но нерадо лета. Иако тешко се наоѓа, не е особено плашлива при контакт.

Сината патка е сива со костенливи дамки на градите и посветол клун и очи. Кај врвот на розово-белиот клун од страните висат месести кожинки. Крикот на мажјакот е налик на грлено свирење, а женката пак завива со кркотење.

Ова е мошне локализиран вид кој денес е загрозен бидејќи е плен на донесените цицачи како ласиците. Сината патка се храни со без‘рбетници, но со нив се храни и донесената речна пастрмка, па така се намалуваат расположливите залихи. Птицата страда и од преградувањето на реките со брани за хидроенергија. Служба за заштита на природата на Нов Зеланд работи на програми за повраќање на овие птици во своите автхтони живеалишта како подрачјето на реката Опарара на Западното Крајбрежје на Нов Зеланд и Милфордската патека во националниот парк Фјордленд во регионот Фјордленд. [1].

Занимливости[уреди | уреди извор]

Сината патка е претставена на опачината (реверсот) на банкнотата од 10 новозеландски долари.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Служба за заштита на природата: Спас за птицата фио на реката Опарара (англиски)

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Hymenolaimus malacorhynchos. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 11 мај 2006. (англиски)
  • Madge, Steve & Burn, Hilary (1987): Wildfowl : an identification guide to the ducks, geese and swans of the world. Christopher Helm, London. ISBN 0-7470-2201-1

Надворешни врски[уреди | уреди извор]