Сенербор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сенербор
Поглед на градот
Поглед на градот
Грб на Сенербор
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Denmark" does not existМестоположба во Данска
Координати: 54°54′50″N 9°47′32″E / 54.91382° СГШ; 9.79225° ИГД / 54.91382; 9.79225
Управа
 • ГрадоначалникОсе Нигард
Површина
 • Вкупна496,57 км2 (19,173 ми2)
Население (2012)
 • Вкупно27.304
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEЅT (UTC+2)
Мреж. местоhttp://www.sonderborg.dk/

Сенербор (дански: Sønderborg) — значаен град во Данска, поточно во јужниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на покрајната Јужна Данска, каде со околните населени места претставува општина, Општина Сенербор. Денес Сенерборима околу 27.000 жители во градот и 76.000 во поширокото градско подрачје.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Сенербор се наоѓа во јужниот дел на Данска, во близина на границата со Германија, која се наоѓа на 12 километри југозападно од градот Сенербор. Од главниот град Копенхаген, градот Свендборг е оддалечен само 220 километри југозападно.

Релјеф: Градот Сенербор се наоѓа со помал дел во југоисточниот дел на данскиот полуостров Јитланд, а со поголемиот дел на нему блискиот остров Алс. Подрачјето на градот е претежно рамничарско. Надморската височина се движи од 0 до 30 метри.

Клима: Климата во Сенербор е умерено-континентална под големо влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води: Сенербор се формирал на Алшки премин, кој го дели островот Алс од копното (Јитланд). Преминот, кој е широк 200м, го дели градот на два дела, поголем и помал (островски) дел. Јужно од градот Свендборг се наоѓа Алшки Залив.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето Сенербор било населено уште во времето на праисторијата. Денешната населба е основана во 1170 година. Населбата градскит еправа ги добила во 1461 година.

Во периодот од 1867-1920 градот Сенербор бил во рамките на Прусија, а потоа во рамките на Германија.

И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.

Население[уреди | уреди извор]

Денес Сенербор има околу 27.000 жители во градските граници и околу 76.000 со околните населени места.

Етнички состав: Населението на Сенербор до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци, а можело да се најде и по некој Германец. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]