Свахилски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Свахилски јазик
Kiswahili
Застапен во Танзанија Танзанија
Кенија Кенија
Уганда Уганда
Руанда Руанда
Бурунди Бурунди
Демократска Република Конго Демократска Република Конго
Сомалија Сомалија
Оман Оман
Комори Комори (заедно со Мајот)
Мозамбик Мозамбик
Говорници Прв јазик: 5-10 милиони
Втор јазик: 80 милиони[1]  
Јазично семејство
Статус
Службен во Африканска Унија
Кенија Кенија
Танзанија Танзанија
Уганда Уганда
Регулативен орган Baraza la Kiswahili la Taifa (Танзанија)
Јазични кодови
ISO 639-1 sw
ISO 639-2 swa
ISO 639-3 Разни:
swa — свахили (општ)
swc — конго свахили
swh — свахили (специфичен)
[[File:200пПодрачјата каде што свахили се зборува како мајчин јазик (темно зелено), официјален или национален јазик (средно зелено) и трговски јазик (светло зелено). Како трговски јазик, се протега уште посеверозападно.|300px]]

Свахилски, свахили или кисвахили — јазик од групата на банту јазици и мајчин јазик на народот Свахили. Јазикот се зборува од различни заедници во регионот на Африканските Големи езера и во делови од Југоисточна Африка, поточно во делови во Танзанија, Кенија, Уганда, Руанда, Бурунди, Мозамбик и ДР Конго.[2] Сроден јазик на свахилскиот е коморскиот јазик, кој понекогаш се смета за еден од дијалектите на свахилскиот јазик.

Иако само околу 5 милиони луѓе го зборуваат јазикот како мајчин јазик,[3] тој е лингва франка во Источна Африка. Вкупниот број на луѓе што го зборуваат јазикот надминува над 140 милиони.[4] Јазикот е официјален во Танзанија, Кенија и Уганда и признат е како еден од официјалните јазици на Африканската Унија.

Дел од зборовниот фонд на свахилскиот е по потекло од арапскиот јазик, како директна последица на контактите на Свахилите со Арапите. Покрај арапскиот, јазикот црпел зборови и од англискиот, францускиот, германскиот и португалскиот јазик.

Наводи[уреди]

  1. L Marten, "Swahili", Encyclopedia of Language and Linguistics, 2nd ed., 2005, Elsevier
  2. Prins 1961
  3. Peek, Philip M.; Kwesi Yankah (2004). „African folklore: an encyclopedia“. Taylor & Francis. стр. 699. ISBN 0-415-93933-X. 
  4. Irele 2010

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Речници и граматика:

Учете свахили: