Сватоплук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сватоплук I
Статуа на Сватоплук во Братиславскиот замок, Словачка
Кнез на Нитра
На престолпред  867–870
Кнез на Моравија
На престол870–871
ПретходникРостислав
НаследникСлавомир
Кнез на Моравија
На престол871–пред 885
ПретходникСлавомир
НаследникСамиот како крал
Крал на Велика Моравија
На престолпред 885–894
ПретходникСамиот како кнез
НаследникМојмир II
Роден(а)c. 840
Починал(а)894
СопружникАделаида (?)[се бара извор]
ДецаМојмир II
Сватоплук II
Предслав (?)
ТаткоБогислав (?), Светимир (?)
МајкаНепозната

Сватоплук I (латински: Zuentepulc, Zuentibald, Sventopulch, Zvataplug; старословенски: Свѧтопълкъ; полски: Świętopełk; грчки: Σφενδοπλόκος, Sphendoplókos),[1] бил владетел на Велика Моравија, која го достигнала своето најголемо територијално проширување за време на неговото владеење (870–871, 871–894).[2][3]

Во 860-те, тој управувал со кнежевство во Моравија, чија локација сè уште е предмет на дебата помеѓу историчарите, под власта на неговиот вујко, Ростислав.[4][5] Во 870 Сватоплук го симнал од тронот Ростислав, кој бил вазал на Луис Германецот, и го предал на Франките. Меѓутоа, во рок од една година Франките го заробиле и Сватоплук.[6][7] Откако Моравјаните се побуниче против Франките, Сватоплук бил ослободен и ги предводел востаниците до победа над освојувачите.[8] Иако бил обврзан да плаќа данок на Источна Франција според мировниот договор склучен во Форххајм (Германија) во 874, тој успеал да ги прошири своите територии надвор од сферата на интерес на Франките во текот на следните години.[8][9]

Сватоплук воспоставил добри односи со папите, и тој и неговиот народ биле формално земени под заштита на Светата столица во 880 година.[5][8] Папата Стефан V дури и му се обратил како „Крал“ во писмо напишано во 885 година.[10] Се чини дека Сватоплук сакал да го смири германското свештенство кое се противело на водењето на литургијата на старословенски јазик, и ги протерал учениците на Методиј од Моравија во 886, по смртта на нивниот учител.[11][12][13]

Државата на Сватоплук била лабав склоп на кнежевства и освоени територии.[14]

Не долго по неговата смрт, државата на Сватоплук се распаднала среде борбата за моќ помеѓу неговите синови и засилените унгарски напади.[15][16]

Сватоплук, чија империја се состоела од делови на денешна Чешка (Моравија и Бохемија), Словачка, Полска и Унгарија, повремено погршно и анахроно се претставува како „словачки крал“ во словачката литература од 18-ти век, периодот на словачкото национално будење.[17]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Havlík 2013, стр. 362
  2. Kirschbaum 2007, pp. 5., 278.
  3. Bartl 2002, pp. 17., 336.
  4. Goldberg 2006, стр. 284
  5. 5,0 5,1 Kirschbaum 2007, стр. 278
  6. Bowlus 1994, стр. 7
  7. Spiesz et al. 2006, p. 21.
  8. 8,0 8,1 8,2 Bartl 2002, стр. 21
  9. Kirschbaum 2007, стр. 121
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Vlasto 81.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Bartl 22.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Barford 110.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Vlasto 82.
  14. Kirschbaum 2005, стр. 35
  15. Bartl 2002, стр. 17
  16. Spiesz et al. 2006, p. 311.
  17. Bartl 2002, стр. 88

Наводи[уреди | уреди извор]