Свакопмунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Глетка на Свакопмунд од воздухот.

Свакопмунд (германски: Swakopmund) е град во Намибија со околу 35,000 жители. Тој е основниот крајбрежен центар на Намибија. Административен центар на регионот Еронго и центар на администрацијата на Намибија во топлите месеци на годината. Воедно, тој претставува и едно од најзачуваните примери на германската колонијална архитектура во светот. Градот бил основан во 1892 како главно пристаниште на германската Југозападна Африка.

Повеќето од градовите и селата во Намибија настанале од домородни населби и најчесто се наоѓаат блиску до изворите на вода. Имињата на местата дадени од домородните жители се многу описни и во многу случаи овие имиња биле задржувани од европските колонизатори, кои понекогаш го упростувале изговорот на истите. Намското име за Свакопмунд било "Tsoakhaub", кое се однесува на водите од реката Свакоп кога таа е надојдена, носејќи притоа огромни количества на кал, песок, делови од вегетацијата и животински тела во Атлантскиот Океан.

Намското име беше сменето во "Свашауб" од страна на германските доселеници, а со прогласувањето на Свакопмунд за независна област од германската Југозападна Африка во 1896, денешниот начин на пишување на името на Свакопмунд дојде во употреба.

Историја[уреди]

Свакопмунд е основан во 1892 година, две години покасно од Виндхук, од Капетан Курт фон Франсоа. Тој бил наменет за главно пристаниште на германска Југозападна Африка. Зголемениот сообраќај помеѓу Германија и нејзината колонија се зголемил, па затоа било потребно да се создаде сопствено германско пристаниште, бидејќи постоечкото Валфис Беј, на 33 км појужно, било завземено од Британците. Изборот паднал на место северно од реката Свакоп, бидејќи водата била достапна, а и бидејќи другите места биле непогодни.