Ружди Љата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ружди Љата
Градоначалник на Општина Дебар
На должноста
7 април 2013 – 24 ноември 2018
Претходник Аргетим Фида
Лични податоци
Роден(а) 6 мај 1953
Дебар, СФРЈ СФР Југославија
Починал(а) 24 ноември 2018 (возраст: 65)
Дебар, Македонија Македонија
Националност Албанец
Партија ДУИ
Установа универзитет во Приштина
Занимање политичар
Вероисповед ислам

Ружди Љата (6 мај 1953 во Дебар24 ноември 2018 во Дебар) — македонски политичар од редовите на ДУИ и градоначалник на Општина Дебар.

Животопис[уреди | уреди извор]

Љата основно училиште има завршено во родниот Дебар, додека средно училиште завршил во медреса во Приштина. Студирал ориентални јазици на филолошкиот факултет при универзитетот во Приштина, а по дипломирањето работел во Исламската верска заедница (ИВЗ). Во периодот 1980–1991 предавал ориенталистика на приштинскиот универзитет, а од 1993 до 1995 година предавал на факултетот за исламски науки во Скопје. Во периодот 2009–2013 држел предавања на катедрата за ориентални студии при Државниот универзитет во Тетово, а на локалните избори во 2013 станал градоначалник на Општина Дебар. На локалните избори во 2017 освоил втор градоначалнички мандат.[1]

Љата говори македонски, албански, српски, турски и арапски јазик. Освен со учителска дејност, тој се занимавал и со преведување од арапски јазик. Љата бил активист за помирување на населението во случај на различни конфликти и има регистрирано над 150 помирувања. По повод 100-годишнината од независноста на Албанија му била доделена титулата „почесен граѓанин на градскиот совет на Пешкопеа“.[2]

По кусо и потешко боледување Љата починал на 24 ноември 2018 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биографија на Ружди Љата“ (PDF). ЗЕЛС – Заедница на единиците на локалната самоуправа. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-12-05. Посетено на 2017-12-02.
  2. „Биографија на Ружди Љата“. Општина Дебар. Архивирано од изворникот на 2018-09-22. Посетено на 2017-12-02.
  3. Почина дебарскиот градоначалник Ружди Љата, телевизија Телма, 24.11.2018

Надворешни врски[уреди | уреди извор]