Петроф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петроф
ДејностМузички инструменти
Основано1864
ОсновачAntonín Petrof Уреди на Википодатоците
СедиштеХрадец Кралове, Чешка
Клучни личности
Зузана Цералова Петрофова
ПроизводиКлавири и пијана
Вработени
Околу 1.000
Мреж. местоpetrof.com
Петроф пијано

Петроф — чешки производител на пијана со седиште во Храдец Кралове.

Историја[уреди | уреди извор]

Компанијата е основана во 1864 година од производителот на пијано Антонин Петроф во Храдец Кралове. Тој претходно во Виена учел изработка на пијана кај разни реномирани производители, како Хајцман, Фридрих Ербар и Швајгхофер. Со текот на годините, постигнал успех и станал голем производител. Петроф во 1899 година добил кралска повластица како добавувач на дворот на Австроунгарија и титула советник во дворскиот совет. Синовите подоцна ги добиле и двете титули.[1] Во 1908 година, компанијата се трансформирала во отворено трговско друштво, па сопругата на Петроф, Мари, станала овластен потписник, а синовите Јан, Антонин и Владимир станале дел од компанијата. Антонин и Мари Петроф починале во 1915 година, па управувањето го презел најмладиот син, Владимир Петроф. Двајцата постари синови за време на Првата светска војна биле на фронтот.

Од 1924 година, пијаната биле извезувани во Америка, Азија и Австралија. Во Лондон, Петроф, заедно со Штајнвеј отвориле во 1928 година, претставништво на улицата Вигомор. Со влегувањето на Димитриј, Едуард и Еуген Петроф, започнала третата генерација на семејниот бизнис. Производителот на пијана, Петроф, бил награден со Големата награда за време на Светскиот саем во 1935 година во Брисел. Во тоа време во компанијата биле вработени 400 работници.

Во 1948 година, производителот Петроф бил национализиран, а меѓу 1991 и 1998 година се реприватизирала. Петроф во моментов ја водат две сестри од петтата генерација на семејството Петроф, е е еден од најголемите производители на пијано во Европа, со до околу 2.000 клавири и 12.000 пијана годишно.[2] Од почетокот на 21 век, Петроф исто така се стремел кон иновации во правењето пијана. На пример, компанијата развила уред кој користел прилагодливи магнети за дотерување на механиката и точките на притискање.[3][4]

Петроф во 1932 година се здобил со лиценца за производство на електроакустично пијано, кое се продавало како Нео-Петроф. Фабриките Петроф произведувале и инструменти на други брендови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Handbuch des Allerhöchsten Hofes und des Hofstaates Seiner K. und K. Apostolischen Majestät., Vienna: K.k. Hof- und Staatsdruckerei, 1917, стр. 517
  2. „History, PETROF, spol. s r.o.“. Petrof.com (англиски).
  3. „PETROF Company history“. petrof.cz (германски). Petrof. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2012-06-20.
  4. „From a Koeniggraetz-based workshop to all over the world“, Prager Zeitung (германски), Prag: Prago Media, 2009-08-19