Кралска повластица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралски повластици
Royal Warrants
Грбот на кралицата Елизабета II како што се истакнува во Англија, Велс и Северна Ирска
Кралска повластица над влезот на продавницата Фортнум и Мејсон
Логото на пушкарите Холанд & Холанд со две кралски повластици
Пијано Бродвуд & Синови со Кралска повластица над името
Табла на чевларите Џон Лоб со три Кралски повластици
Логото на кројачите Ид и Рејвенскрофт, со четири Кралски повластици
Логото на берберите Труфит & Хил со Кралска повластица
Пакување Ерл Греј чај од Твинингс, со Кралска повластица над името

Во Обединетото Кралство, Кралска повластица (англ. Royal Warrant of Appointment) е привилегија доделена од старешинските членови на Британското кралско семејство на фирми и занаетчии кои снабдуваат добра или вршат услуги на поединци во семејството. Оваа повластица снабдувачот може да ја истакнува, и со тоа да се рекламира како и добива на престиж. Неколку други кралски семејства исто така го прават ова, во кои спаѓаат владеачките династии во Холандија, Данска, Тајланд и Шведска. Историски, ова постоело во речиси сите монархии.

Околу 800 поединци и фирми - меѓу кои и неколку небритански фирми - држат повеќе од 1,100 повластици од Британското кралско семејство. Снабдувачот мора да има деловен однос со член на семејството најмалку пет години пред да може да се земе в предвид за повластица. Дискреционо право на доделување на повластиците има Лордот-коморник, како претедател на Комитетот за повластици за деловни лица на кралското домаќинство (Royal Household Tradesmen's Warrants Committee). Повластицата се обновува секои пет години, но може да биде одземена во било кое време; некои повластици траат веќе повеќе од 100 години.

Снабдувачите и понатаму наплаќаат за добрата и услугите - што значи дека со повластицата тие не стануваат бесплатни за никого. Повластиците се рекламират на табли на фирмата, заглавја на писма и производи со истакнување на грбот или значката на поединиот член на Кралското семејство во чие име е дадена повластицата. Под грбот стои реченицата „By Appointment to...“ („По назначување кон...“), проследено од титулата и името на членот на кралското семејство, па видот на снабдувани добра.

Некои снабдувачи на Британското кралско семејство[уреди]

Ова се некои фирми кои го снабдуваат или го имаат снабдувано снабдувале Британското кралско семејство:

Надворешни врски[уреди]