Ошерслебен
| Ошерслебен | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија-Анхалт |
| Округ | Берде |
| Градоначалник | Дитер Кленке (SPD) |
| Основни податоци | |
| Површина | 189 км2 |
| Надм. височина | 85 м |
| Население | 20.485 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 108 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | BK |
| Пошт. бр. | 39387, 39398 |
| Повик. бр. | 03949, 039408 |
| Портал | Град Ошерслебен |
| Местоположбата на град Ошерслебен во рамките на округот Берде | |
| Координати | |
Ошерслебен (германски: Oschersleben) е град во округот Берде, во Саксонија-Анхалт, Германија.
Содржина |
Географија[уреди]
Ошерслебен се наоѓа близу реката Боде, 24 километри југозападно од Магдебург во регионот наречен Магдербургер Берде. Реката Боде ја достигнува најсеверната точка надвор од градот. Ошерслебен е најважната железничка станица на железничката линија Магдебург-Халберштат-Тале.
Историја[уреди]
На 23 ноември 994, Ошерслебен бил првпат споменат во документ од императорот Отон III. Во 1235, бил првпат споменат како град. Во 17. век повеќето делови на Ошерслебен биле уништени во пожар. ВО 1648, бил под доминација на Бранденбург. Ошерслебен станал окружен главен град во 1816 и бил поврзан со железничкиот систем во 1843.
Во годините пред Втората светска војна Ошерслебен се ширел, поради фабриката за авиони (AGO Flugzeugwerke), која била основана тука и биле потребни многу работници. Оваа фабрика била причината поради која Сојузниците го нападнале градот во десет последователни напади.
Во текот на периодот во Германската Демократска Република Ошерслебен бил центар на земјоделството во регионот. Сепак, некои индустриски објекти биле направени тука, на пример сè уште постои производителот на пумби, како и рафинеријата за шеќер, металопреработувачката индустрија, пиварницата, машинската индустрија и дрвната индустрија.
Од 2000, трката Ошерслебен е користен во повеќе натпреварување под капата на Меѓународната автомобилска федерација. Во 2005, трката била преименувана како Motorsport Arena Oschersleben, поради несолвентноста на инвеститорите.
Во 1992, била изградена компанија Agrarfrost за преработка на компири, која произведува пржени компири и чипс.[2] Фабриката произведување околу 140.000 тони компири годишно.[3]
Наводи[уреди]
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.
Надворешни врски[уреди]
| „Ошерслебен“ на Ризницата |
|
|||||||
| Оваа локација во округот Берде статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |