Општина Прешево

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Прешево
Општина
Знаме на Општина Прешево
Местоположба на општината Прешево во рамките на Србија
Местоположба на општината Прешево во рамките на Србија
Координати: 42°19′00″N 23°41′00″E / 42.31667° СГШ; 23.68333° ИГД / 42.31667; 23.68333
ЗемјаСрбија
ОкругПчињски
градПрешево
Управа
 • ГрадоначалникШќиприм Арифи
Површина
 • Општина264 км2 (102 sq mi) км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Население (Попис 2002 во Србија)
 • Град13.426
 • Општина34.904
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.17523
Повик. бр.+381 17
Рег. табличкиVR
Мреж. местоwww.presevo.rs
Општина Прешево во Пчињскиот округ

Општина Прешево (албански:Komuna e Preshevës, српски: Општина Прешево) е општина во Пчињскиот округ во јужниот дел на Централна Србија. Центар на општината е градот Прешево.

Географија[уреди | уреди извор]

Според податоците од 2004, општината опфаќа површина од 264 км, и се наоѓа во јужна Србија на границата со Косово и Македонија.

Население[уреди | уреди извор]

Според пописот на населението од 2002 година, во општината живеат 34,904 жители во 35 населени места.[1] 89,10% од населението се Албанци и мал дел Срби кои го говорат торлачкиот дијалект. Во општината исто така се зборува и турскиот и ромскиот јазик.

Населението во општина Прешево има, скоро 90%, највисока процентуалност на Албанците во Централна Србија не вклучувајќи ја спорната територија Косово.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општина Прешево се состои од 35 населби, од кои еден град и 34 села.

Населби според етничко мнозинство[уреди | уреди извор]

Повеќето села во општината Прешево имаат апсолутно албанско мнозинство, освен селата: Љаник, Свињиште, Славуевац и Цакановац каде Србите се етничко мнозинство.

Исто така, повеќето села имаат 99% албанско население, но има и некои села каде Србите во Прешевската долина живеат и сочинуваат значително малцинство како: Буштрање, Големи Дол, Рељан, Стрезовце, Трнава, Чукарка и градот Прешево.

Етнички состав
Година Срби  % Албанци  % Вкупно
1961 6,741 25.21% 18,229 68.18% 26,738
1971 5,777 19.22% 23,625 78.60% 30,057
1981 4,204 12.38% 28,961 85.31% 33,948
1991 3,206 8.23% 34,992 89.85% 38,943
2002 2,984 8.55% 31,098 89.10% 34,904
2003 36 215
2004 37 154
2005 37 887
2006 38 385
2007 38 849

Етнички состав[уреди | уреди извор]

(2002)

Политика[уреди | уреди извор]

Во 1992, Албанците во овој дел организираа референдум во кој тие гласаа, Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово. Меѓу 1999 и 2001, албанска сепаратистичка организација наречена „Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац“ (ОВПМБ), оперираше во овој регион, со цел да ги окупира овие три општини од Југославија и да ги припои кон идното и независно Косово. Овие активности привлекоа помал меѓународен медиски интерес во споредба со случувањата во Косово и Македонија. Терористите беа победени од страна на српските сили, во операција која не одзеде долго време и каде трупите на НАТО помогнаа контролирајќи терористите да не ги префрлат борбите во Косово. Миговната ситуација е стабилна, но Албанците прават некаква напнатост поради нееднаквиот однос од страна на Владата на Србија кон нив. Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац (ОВПМБ) има свој споменик во центарот на градот Прешево, кој е предмет на спор меѓу месното албанско население и владата на Србија. Рагми Мустафа, претседателот на општината рече дека споменикот не би требало да биде отстранет, додека српскиот премиер Ивица Дачиќ настојува овој споменик да биде отстранет, и им даде рок на Албанците да го тргнат споменикот до 17 јануари, во спротивно српската жандармерија ќе го отстрани со сила. Од декември 2005, претходниот градоначалник го изгуби своето седиште и беше променет со водачот Рагми Мустафа од албанската демократска пертија ПДШ. По шест месеци, населението повторно гласаше и повторно Рагми Мустафа беше избран за претседател на општина Прешево за следните четири години. На 13 мај 2008 и 10 мај 2012 населението повторно го изгласа Рагми Мустафа да биде претседател на општина Прешево.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Statistički zavod Srbije“. Архивирано од изворникот на 2009-02-25. Посетено на 2012-11-26.