Пчињски округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пчињски округ
—  Округ во Србија  —
Местоположба на Пчињскиот округ во Србија
Држава  Србија
Седиште Врање
Управа
 • Началник Будимир Михајловиќ
Површина
 • Вкупно 3.520 км2
Население (2011 попис)
 • Вкупно 159.081 жит.
Општини 7 и 1 град
Населби 363
Градови 6
– Села 357
Портал www.pcinjskiokrug.org.rs

Пчињски округ или Врањско, (српски: Пчињски управни округ) е округ кој се наоѓа во најјужниот дел на Србија, меѓу Република Македонија, Бугарија и Косово. Вкупното население во округот изнесува 227 690 луѓе. Административен центар на округот е градот Врање. површината на округот е 3520 км. Физичкогеографската локација, и најмногу близината на областа, ја прави во историско-географски план поблиска кон Македонија, него до Поморавието и Косово. Земјописно, се наоѓа во централниот дел на Јужна Србија.

Административна поделба[уреди]

Пчињскиот округ е составен од седум административни единици.

Историја[уреди]

Името Врањско е дадено на областа во близина на јужна Морава по името на градот Врање во текот на средниот век. За првпат името се спомнува во 1093, кога рашкиот жупан Вукан, војувајќи со византијците, стигнал до Скопје, Полог и до областа околу Врање наречена Врањско. По распаѓањето на Душановото царство, деспотот Константин Драгаш владее со областа. Со подпагањето под Османлиското царство, регионот влегува традиционално од претходниот период во Ќустендилскиот санџак. Пред XIX век, населението во областа се вклучува во борбата за национална црква, и под бугарска власт, Врањско е во состав под Бугарската егзархија. По потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878, поголемиот дел од денешниот Пчињски округ влегува во состав на Кнежеството Бугарија. Тогаш, источните делови (Босилеград) беше населена со Шопи и Бугари. Според Берлинскиот договор, тој дел од Пчињскиот крај, како и пиротскиот, е соединет кон Србија. По меѓусојузната војна и јужниот дел на Пчињскиот округ е соединет кон Србија. По Првата Светска Војна, според Нејскиот договор, територијата на општината Босилеград е вклучена кон Србија. Во периодот меѓу мај 1941 до август 1944, областа е под окупација на Бугарија. Денеска, според официјалните српски пописи, населението на Пчињскиот округ се состои од Срби, Албанци, Македонци, Бугари и Роми. Албанците живеат целосно во општина Прешево и Бујановац, и во руралните области на Медвеѓа. Македонците живеат во граничните области во регионот околу Прохор Пчињски. Ромите живеат насекаде низ областа, додека Бугарите претежно живеат во источните делови на округот, поточно во општина Босилеград.

Поврзано[уреди]