Ноќна чапја
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Ноќна чапја | |
|---|---|
| Заштитен статус | |
| Научна класификација | |
| Царство: | Животни |
| Тип: | 'Рбетници |
| Класа: | Птици |
| Ред: | Штрковидни |
| Фамилија: | Чапји |
| Род: | Ноќна чапја |
| Вид: | N. nycticorax |
| Биномен назив | |
| Nycticorax nycticorax Линеј, 1758 |
|
Ноќната чапја (латински: Nycticorax nycticorax) е чапја со средна големина.
Содржина |
[уреди] Опис
Возрасните птици се долги 64 см и тежат 800 г. Имаат црна кикиришка и грб, а остатокот од телото им е бел или сив, со црвени оч и куси жолти нозе. Младите се кафени, со бели и сиви дамки. Овој вид чапји се кусоврати и набиени.
[уреди] Распространетост
Овие птици се размножуваат во слатководни и соленоводни мочуришта ширум светот. Подвидот N. n. hoactli се размножува во Северна и Јужна Америка од Канада, па сѐ до Патагонија на југ, а расата N. n. nycticorax е присутна во Европа, Азија и Африка. Ноќната чапја се гнезди во колонии на платформи на стапови во групи дрвја, или пак на земја во заштитени предели како острови и трскарници. Птицата несе по 3-8 јајца.
Оваа чапја е преселница, освен во тропските предели, каде живее постојано. Северноамериканските ноќни чапји презимуваат во Мексико, југот на САД, Средна Америка и Карибите, додека оние кои живеат во Стариот Свет презимуваат во тропска Африка и јужна Азија.
[уреди] Поведение
Овие птици стојат мирно на работ на водата и го напаѓаат пленот од заседа, главно ноќно време. Главно се хранат со мали риби, ракови, жаби, водни инсекти и мали цицачи. Во текот на денот тие се одмораат во дрвја или честак. Новосветските раси се подруштвени вон сезоната за парење отколку евроазиските раси.
Често се среќаваат вгнездени во авениски дрвја на прометни улици.
На Фолкландските Острови, овие птици ономатопеично се нарекуваат „кваркови“ (quarks).
[уреди] Наводи
- BirdLife International (2004). Nycticorax nycticorax. „Црвен список на МСЗП - Загрозени видови“ од 2006 год. МСЗП 2006. Вчитано на 12 мај, 2006. Внос во базата на податоци со објаснение зошто овој вид е најмалку загрозен
- Ноќна чапја на „Animal Diversity Web“
- A guide to the birds of Costa Rica од Стилс и Скач ISBN 0-8014-9600-4
- Herons and Egrets of the World од Џејмс Хенкок ISBN 0-12-322725-9
- The Sibley Guide to Birds од Дејвид Ален Сибли ISBN 0-679-45122-6
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ноќна чапја“ |
- Корнелова орнитолошка лабораторија - Информации за Ноќната чапја (англиски)
- USGS Патаксентски инфоцентар за распознавање на птици - Ноќна чапја (англиски)
- eNature.com - Ноќна чапја (англиски)
[уреди] Галерија
-
Ноќна чапја Nycticorax nycticorax во Калкута, Западен Бенгал, Индија.
