Ноќна чапја

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Nycticorax nycticorax)
Ноќна чапја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: ’Рбетници
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Семејство: Чапји
Род: Ноќна чапја
Вид: N. nycticorax
Научен назив
Nycticorax nycticorax
Линеј, 1758

Ноќната чапја или драјка (науч. Nycticorax nycticorax) е чапја со средна големина.

Опис[уреди | уреди извор]

Младо чека да се капе, Индија

Возрасните птици се долги 64 см и тежат 800 г. Имаат црна кикиришка и грб, а остатокот од телото им е бел или сив, со црвени оч и куси жолти нозе. Младите се кафени, со бели и сиви дамки. Овој вид чапји се кусоврати и набиени.

Распространетост[уреди | уреди извор]

Овие птици се размножуваат во слатководни и соленоводни мочуришта ширум светот. Подвидот N. n. hoactli се размножува во Северна и Јужна Америка од Канада, па сѐ до Патагонија на југ, а расата N. n. nycticorax е присутна во Европа, Азија и Африка. Ноќната чапја се гнезди во колонии на платформи на стапови во групи дрвја, или пак на земја во заштитени предели како острови и трскарници. Птицата несе по 3-8 јајца.

Оваа чапја е преселница, освен во тропските предели, каде живее постојано. Северноамериканските ноќни чапји презимуваат во Мексико, југот на САД, Средна Америка и Карибите, додека оние кои живеат во Стариот Свет презимуваат во тропска Африка и јужна Азија.

Поведение[уреди | уреди извор]

Овие птици стојат мирно на работ на водата и го напаѓаат пленот од заседа, главно ноќно време. Главно се хранат со мали риби, ракови, жаби, водни инсекти и мали цицачи. Во текот на денот тие се одмораат во дрвја или честак. Новосветските раси се подруштвени вон сезоната за парење отколку евроазиските раси.

Често се среќаваат вгнездени во авениски дрвја на прометни улици.

На Фолкландските Острови, овие птици ономатопеично се нарекуваат „кваркови“ (quarks).

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Nycticorax nycticorax. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 мај 2006. Внос во базата на податоци со објаснение зошто овој вид е најмалку загрозен
  • Ноќна чапја на „Animal Diversity Web“
  • A guide to the birds of Costa Rica од Стилс и Скач ISBN 0-8014-9600-4
  • Herons and Egrets of the World од Џејмс Хенкок ISBN 0-12-322725-9
  • The Sibley Guide to Birds од Дејвид Ален Сибли ISBN 0-679-45122-6

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]