Николај Андријанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Николај Ефимович Андријанов (руски: Никола́й Ефи́мович Андриа́нов) (роден на 14 октомври 1952 во Владимир, Руска СФСР - почина на 21 март 2011 во Владимир) беше советски гимнастичар, кој на Олимписките игри освоил 15 медали (7 златни, 5 сребрени и 3 бронзени), а е втор по бројот на освоени медали воопшто зад Лариса Латинина, која има освоено 18 (9 златни, 6 сребрени и 3 бронзени). На Олимписките игри во Москва во 1980 година тој има положено и Олимписка заклетва.

Николај Андријанов бил член на спортското училиште Буревестник во Владимир уште од 11 години. Таму негов тренер бил познатиот Николај Толкачев. Првите успеси Андријанов ги постигнал со освојувањето на 2 златни медали на Европскиот шампионат во Мадрид во 1971, а во периодот од 1971 до 1980 е освојувач на голем број на медаљи на Олимписките игри, светските и европските шампионати.

Тој е оженет со двократната олимписка шампионка во гимнастика Љубов Бурда. Од 2001 тој е член на Интернационалната гимнастичка хала на славните, а од 2002 е директор на спортското училиште за деца и млади во Владимир.

Андријанов почина во рпдниот град, на 21 март 2011 година по долго боледување.

Надворешни врски[уреди]