Небесен екватор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Небесниот екватор е наклонет 23,4° во однос на еклиптичката рамнина. На сликата е прикажан односот помеѓу Земјиниот осен наклон (сплеснатост), оската на ротација и орбиталната рамнина.

Небесен екваторголема кружница на замислената небесна сфера која лежи на иста рамнина со Земјиниот екватор. Со други зборови, ова е проекција на земскот екватор во вселената. Поради Земјиниот осен наклон, небесниот екватор е наклонет 23,4°[1] во однос на еклиптичката рамнина.

Ако стоиме на земскиот екватор, небесниот екватор можеме да го замислиме како полукруг што минува низ зенитот веднаш над нас. Ако се придвижиме северно (или јужно), небесниот екватор ќе се наклони кон јужниот (или северниот) хоризонт. Небесниот екватор е бескрајно далечен (бидејќи е наоѓа на небесната сфера); затоа краевите на полукругот секогаш завршуваат точно на исток и точно на запад, без оглед натоа каде се наоѓаме на Земјата. (Но на половите небесниот екватор е паралелен на хоризонтот.) Небесниот екватор изгледа совршено прав на секоја географска ширина бидејќи набљудувачот е конечно оддалечен од рамнината на небесниот екватор, но бесконечно оддалечен од самиот небесен екватор.

Небесните објекти близу небесниот екватор се гледаат од секое место во светот, но кулминираат на небото во тропските предели.

Небесниот екватор минува низ следниве соѕвездија:

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Корисни константи - Меѓународна служба за Земјината ротација и упатни системи (англиски)

Надворешни врски[уреди]