Округот Мириц се протегал на западната половина на Езерската Област Мириц и Националниот парк Мириц. Езерото Мириц има површина од 117 км²; тоа е второ најголемо езеро во Германија веднаш зад Боденското Езеро, но и најголемо езеро кое целосно се наоѓа во Германија.
Округот бил создаден на 12 јуни 1994 со спојување на претходните окрузи Ребел и Варен и неколку општини од окрузите Малхин и Нојштрелиц. Овој округ бил споен со Мекленбург-Штрелиц и поголемиот дел од Демин при административната реформа во септември 2011, за да го создадат новиот округ Мекленбуршка Езерска Област.
Грбот покажува бикова глава во горниот лев дел, претставувајќи ги принцовите од Верле. Орелот-рибар во десниот дел го прикажува природното богатство во округот. Градскиот бедем долу со четири ѕидови ги претставува четирите града во округот, а брановитата линија во градската порта Езерската Област Мириц.