Името на округот потекнува од истоименото војводство. Ова војводство било основано во 1701 откако поранешното војводство Мекленбург-Гистров престанало да постои. Областа на округот е скоро иста како таа со територијата на старото војводство. Старото војводство вклучувало енклава околу Рацебург, кој денес се наоѓа во Шлезвиг-Холштајн. Јужните делови на постариот Мекленбург-Штрелиц се ширеле до градот Фирстенберг, кој денес припаѓа на округот Горен Хафел во Бранденбург. Седиште на војводството бил градот Штрелиц, кој бил целосно уништен во пожар во 1712. По оваа катастрофа војводата наредил да се изгради нов град на брегот на малото езеро наречено Циркско Езеро. Градот го добил името Нојштрелиц (буквално: „Нов Штрелиц“).
Главата на бик на жолта позадина е грбот на војводите на Мекленбург. Кулата стои за замокот во Штаргард, долгогодишно седиште на војводите на Мекленбург од неговата изградба во XIII век; останал најсеверен замок на планина во денешна Германија. Малтешкиот крст ги претставува поседите на Малтешкиот ред на територијата пред 1648.