Микологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Микологија (од грчките зборови: mykes - габа и logos - наука) е биолошка наука за габите, нивната генетика и биохемија, нивната систематика, како и нивната примена кај човекот. Таа често се вбројува како гранка на ботаниката, иако во повеќето свои карактеристики габите се послични со животните отколку со растенијата. Исто така, микологијата е поврзана со фитопатологијата - науката за заболувањата на растенијата. Првите миколози се Елиас Магнус Фрајс, Кристијан Хендрик Персун, Антон де Бери и Левис Дејвид фон Швајниц.

Денес, најпроучувани габи се квасните, поточно еукариотските видови Saccharomyces cerevisiae and Schizosaccharomyces pombe.

Многу габи произведуваат отрови, антибиотици и други секундарни метаболити. На пример, космополитскиот род Фузариум и неговите отрови (токсини) предизвикуваат фатални последици кај луѓето. Ова го проучил Абрахам Џоф. Исто така, габите се фундаментални за животот на Земјата како едни од главните симбионти (микориза, инсектни симбионти и лишаи), како и со нивната способност за разградување на некои органски биомолекули, со која учествуваат во јаглеродниот циклус.

Габите и другите организми традиционално сметани за габи се често економски и општествено важни бидејќи се причина за разни заболувања кај животните и растенијата.

Надворешни врски[уреди]