Органско соединение

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Метанот е едно од наједноставните органски соединенија

Органски соединенија се оние кои во својот состав содржат јаглерод (освен некои оксиди на јаглеродот, кои се неоргански соединенија, како и јаглеродната киселина). Органските соединенија се многубројни како резултат на појавата на изомерија во органските молекули. Обично секое органско соединение содржи еден карактеристичен негов дел во својата молекула по кое тоа се разликува од останатите органски соединенија. Тој дел од органската молекула се нарекува функционална група.

Органските соединенија, освен по видот на функционалната група, се делат и според видот на хетероатом кој е застапен во молекулата. На тој начин, постојат најразлични органски соединенија.

Начини на класификација[уреди]

Поради полесно изучување на органските соединенија, тие се поделени на класи. Притоа, класификацијата може да се врши на најразлични начини, па затоа едно исто соединение може да припаѓа на повеќе различни класи. Најчесто, класификацијата на органските соединенија се базира врз составот, структурата и хемиското однесување.

Според составот, органските соединенија се поделени на:

Според структурата на јаглеродната низа, има:

  • Ациклични — во нив јаглеродните атоми се поврзани во отворена низа
  • Циклични — во нив јаглеродните атоми се поврзани во затворена низа (прстен). Според тоа дали прстенот е изграден само од јаглеродни атоми или, пак, содржи и некој друг вид атоми, цикличните органски соединенија се делат на:
    • Карбоциклични — составени само од јаглерод
    • Хетероциклични — освен јаглерод, содржат и некој друг атом
Според структурните карактеристики што влијаат на хемиското однесување, цикличните соединенија се делат и на:
  • Алициклични
  • Ароматични.

Според функционалната група, има: