Фенол (класа)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фенол - наједноставното соединение меѓу класата феноли.

Фенолите се хидроксилни деривати на ароматичните јаглеводороди во кои хидроксилната група е директно сврзана за јаглероден атом од бензенското јадро.

Како и алкохолите, и фенолите имаат хидроксилна група. Основна разлика меѓу овие два типа на соединенија е тоа што кај алкохолите таа е сврзана на јаглероден атом во странична низа од бензенскиот прстен, а додека кај фенолите таа е директно сврзана за бензеновиот прстен.

Вообичаено, поделбата на фенолите се прави на два начина:

  • според бројот на хидроксилните групи сврзани во прстенот на бензен, слично како и кај алкохолите, има монохидроксилни, дихидроксилни, трихидроксилни и полихидроксилни феноли.
  • според тоа дали бензенскиот прстен е супституиран, фенолите можат да бидат несупституирани и супституирани (покрај OH-групата, во прстенот на бензенот водородните атоми се заменети со различни супституенти, како -X, -OH, -CH3, -NO2 и други).

Синтеза на феноли[уреди]

Неколку лабораториски методи за синтеза на феноли се: