Марта Дрпа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марта Дрпа (родена на 20 април 1989 година) е професионална српска одбојкарка. Таа била членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија која ги освоила бронзените медали на Европските игри во 2015 и Европското првенство во 2015 година.[1][2] Марта ги освоила првенствата во Националната лига А во 2010 година во Швајцарија и 2016 година во Купот на Романија со екипите на Волеро Цирих и ЦСМ Трговиште.[3][4] Моментално настапува во екипата на Јенисеј од Краснојарск.[5]

Кариера[уреди | уреди извор]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Марта Дрпа е членка на женската одбојкарска репрезентација на Србија од 2006 година.[6] Нејзините главни достигнувања како помлада одбојкара биле во 2005 и 2007 година кога Србија го освоила второто место на Светското првенство и на Универзитетските игри.[7]

Таа била дел од тимот што ги освои бронзените медали на Европските игри 2015 одржани во Азербејџан и Европското првенство во одбојка 2015 одржано во Белгија и Холандија.[8][9] Таа исто така учествувала на Светското Гранд При за одбојка ФИВБ 2015 кое се случило во САД.[10] Нивниот тим по турнирот завршил на 8то место.[11]

Била дел од вкупно 25 национални селекции.[12]

Српски клубови[уреди | уреди извор]

Професионалната одбојкарска кариера на Дрпа започнала во 2005 година кога имала само 16 години. Од 2005 до 2009 година, таа била член на составот на Црвена ѕвезда од Белград, клуб кој настапувал во Одбојкарската лига на Србија, најдобрата женска одбојкарска лига во земјата.[13] Нејзиното најзначајно достигнување со клубот е кога го освоиле бронзениот медал на ЦЕВ Купот во сезоната 2007-2008.[14]

Ја напуштила Србија по нејзината сезона во клубот на Црвена ѕвезда од Белград. Во 2013 година се вратила назад и му се придружила на составот на Железничар од Лајковац. За овој клуб настапувала една сезона, а потоа преминала во одбојкаркиот клуб на НИС Спартак од Суботица за сезоната 2014 и 2015 година.[15] Клубот на Спартак на крајот на сезоната бил второпласиран во лигата со што го освоиле сребрениот медал во Одбојкарската лига на Србија.[16]

Во декември 2014 година, таа била наградена како МВП во Винер Штадтише Лигата.[17]

Други земји[уреди | уреди извор]

Марта Дрпа започнала да игра надвор од територијата на Србија во 2009 година. Таа се приклучила на составот на Волеро од Цирих, клуб кој играл во Националната лига А на највисоката одбојкарска лига во Швајцарија. Таа го водела тимот до својата 5-та шампионска титула.[18]

Во 2015 година, Марта заминала во Италија за да се приклучи на Обиетиво Рисарчименто, клуб кој настапувал во Серија А1, највисокото клупско натпреварување во земјата. Таа останала во тимот една сезона.[19]

Истата година, Марта заминала во Романија за да го засили тимот на ЦСМ Трговиште, клуб кој играл во највисоката професионална одбојкарска лига во земјата, Дивизија А1.[20] Клубот го освоил Романскиот куп во сезоната 2015–2016 конкуренција на одбојка за жени.[21]

Во 2016 година, таа се преселила во Германија за да настапува за тимот на СЦ Потсдам, одбојкарски клуб кој игра во Бундеслигата.[22] Тимот на крајот завршил на 4-то место и тоа во сезоната 2016-2017 и на 7-то место во првенството во сезоната 2017-2018.[23][24]

Во 2018 година, таа заминала на Филипините за да се приклучи на тимот на Коколајф Асет Менаџер, клуб кој игра во филипинската Супер лига.[25] Клубот завршил на крајот на 4то место на Конференцијата за Гран При на ПСЛ во 2018 година.[26]

Марта Дрпа подоцна повторно играла во Бундеслигата во Германија и тоа во сезоната 2018/2019. Нејзиниот нов клуб бил повторно СЦ Потсдам. Клубот на крајот од годината завршил на 4то место.[27][28]

Во 2019 година, таа се приклучила на екипата на Јенисеј од Краснојарск, руски одбојкарски клуб кој настапувал во Супер лигата на Русија и во натпреварите од Европскиот куп.[29]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Марта Дрпа е родена во Книн, СР Хрватска, СФР Југославија од родители кои биле етнички Срби. Во 1995 година, таа имала статус на бегалец во СР Југославија по егзодусот на Србите за време на операцијата Бура.[30][31]

Клубови[уреди | уреди извор]

Награди[уреди | уреди извор]

Поединечни награди[уреди | уреди извор]

  • 2015 Награда во Винер Стадтише лигата „Најкорисен играч“

Репрезентативни награди[уреди | уреди извор]

Јуниорска конкуренција[уреди | уреди извор]

  • 2005 У20 Светско првенство - Сребрен медал
  • 2007 Летна Универзијада - Сребрен медал

Сениорска конкуренција[уреди | уреди извор]

  • 2015 Европски игри – Бронзен медал
  • 2015 Европско првенство – Бронзен медал

Клубови[уреди | уреди извор]

  • 2007 Одбојкарска лига на Србија – Трето место, со Црвена ѕвезда од Белград;
  • 2007–2008 ЦЕВ куп за жени – Трето, место со Црвена ѕвезда од Белград;
  • 2008 Одбојкарска лига на Србија – Второпласирана со Црвена ѕвезда од Белград;
  • 2009 Одбојкарска лига на Србија – Второпласирана со Црвена ѕвезда од Белград;
  • 2010 Швајцарската национална лига А – Шампион, со екипата на Волеро од Цирих;
  • 2010 Швајцарски куп – Шампион, со екипата на Волеро од Цирих;
  • 2015 Одбојкарска лига на Србија – Второпласирана, со екипата на НИС Спартак од Суботица
  • 2016 Куп на Романија – Првопласирана со ЦСМ од Трговиште

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2015 CEV Volleyball European Championship - Women - Serbia“. CEV. Архивирано од изворникот на 4 July 2017. Посетено на 13 April 2018.
  2. „2007 FIVB Junior Volleyball World Championships - Women European Qualification“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-04-18. Посетено на 13 April 2018.
  3. „NLA Women 2009/2010“. flashscore.com. Посетено на 16 April 2018.
  4. „National Cup - Women 2015/2016 (Romania): Overview“. scorespro.com. Посетено на 16 April 2018.
  5. „5 Marta DRPA“. CEV. Посетено на 3 October 2019.
  6. „2007 FIVB Junior Volleyball World Championships - Women European Qualification“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-04-18. Посетено на 13 April 2018.
  7. „2005 Junior Women's U 20 World Championship“. FIVB. Посетено на 10 May 2018.
  8. „2015 European Games - Women - Competition Standings“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-04-18. Посетено на 13 April 2018.
  9. „Serbia shatter Azerbaijani dreams of glory and win bronze medal in Baku“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-04-18. Посетено на 16 April 2018.
  10. „2015 World Grand Prix - Serbia - Team Roster“. FIVB. Посетено на 13 April 2018.
  11. „2015 World Grand Prix - Ranking“. FIVB. Посетено на 13 April 2018.
  12. „Teams - Serbia - Players“. FIVB. Посетено на 13 April 2018.
  13. „Na današnji dan: Rođena Marta Drpa“. mojacrvenazvezda.net (Serbian). Посетено на 16 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. „Crvena Zvezda BEOGRAD“. CEV. Архивирано од изворникот на 2018-04-18. Посетено на 16 April 2018.
  15. „NIS Spartak Subotica Players“. women.volleyball-movies.net. Посетено на 17 April 2018.
  16. „NIS Spartak Subotica Tournaments“. women.volleyball-movies.net. Посетено на 17 April 2018.
  17. „Marta Drpa najbolja odbojkašica u decembru“. odbojka.org (Serbian). Архивирано од изворникот на 2022-01-26. Посетено на 13 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  18. „Volero Zurich Tournaments“. women.volleyball-movies.net. Посетено на 17 April 2018.
  19. „Obiettivo Risarcimento, rosa al completo con Marta Drpa“. sportvicentino.it (Italian). Посетено на 17 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  20. „CSM Tîrgoviște 2015-2016“. voleiromania.ro (Romanian). Посетено на 17 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  21. „Suntem Campioni!“. CSM Târgoviște (Romanian). Посетено на 17 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  22. „Sport Club Potsdam e.V.“. sc-potsdam.de (German). Архивирано од изворникот на 2019-06-24. Посетено на 17 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  23. „MARTA DRPA BLEIBT BEIM SC POTSDAM“. volleyball-bundesliga.de (German). Посетено на 17 April 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  24. „Bundesliga Women 2017/2018“. flashscore.com. Посетено на 17 April 2018.
  25. „Cocolife gets World Grand Prix veteran as new import in PSL“. The Manila Times. Посетено на 17 April 2018.
  26. „Superliga: Foton rallies to beat Cocolife, take home Grand Prix bronze“. ABS-CBN Sports. Посетено на 2 May 2018.
  27. „Marta Drpa geht in die dritte Saison“. Märkische Allgemeine (German). Архивирано од изворникот на 2022-01-26. Посетено на 15 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  28. „Bundesliga Women 2018/2019“. soccerstand.com. Посетено на 8 July 2019.
  29. „Yenisei KRASNOYARSK“. CEV. Посетено на 3 October 2019.
  30. „Ispovest: Košarkaš Aleks Marić: Ubili su mi dedu u "Oluji", neću im oprostiti“.
  31. „Australski reprezentativac: Hrvatima neću zaboraviti Oluju, ubili su mi djeda!“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]