Македонски кирилски лист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент од македонски кирилски текст

Македонски кирилски лист, Хилфердингов лист или Македонско кирилско ливче – одломка од трактатот за уметноста на преведувањето, оригинално дело, Ⅺ-ⅩⅠⅠ век. Се чува во Санкт Петербург, РАН, сигн. 24.4.16, собр. Срезн. бр.63. Пронајден во Македонија од А. Ф. Хилфердинг (ГилÏфердинг), со што е поврзано неговото двојно именување. Трактатот за уметноста на преведувањето обично се смета за предговор на Константин Философ кон преводот на Евангелието. Мареш („Слово“ 32–33, 1982–83, 5–14) смета дека се работи за дело на Методиј, поговор кон преводот на Новиот завет или на целата Библија, и редигирањето го поврзува со Охридскиот литературен центар.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1566. ISBN 978-608-203-024-1.