Асеманиево евангелие

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Страница од Асеманиевото евангелие

Асеманиево евангелие или Асеманово евангелие — средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од X или почетокот на XI век. Евангелието е составено од 158 листови. [1]

Карактеристики[уреди]

Асеманиевото евангелие е пронајдено во Ерусалим од Ј. Асемани во 1736 година и по него е именувано евангелието. Евангелието е напишано на глаголица, округла глаголица, и декорирано со уникатни завршетоци и почетоци во боја. Според содржината, текстот бил класифициран како евангелие. Текстот е по потекло од западна Македонија. Денес, евангелието се чува во Ватиканската библиотека во Рим.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Macedonian Glagolitic and Cyrillic manuscripts“. Ilija Velev, Liljana Makarijoska, Emilija Crvenkovska. Skopje: Institute for Macedonian language Krste Misirkov. 2008. стр. 128. ISBN 978-9989-640-93-3. 

Поврзано[уреди]