Скопски минеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент од Скопскиот минеј

Скопски минеј или Скопски празничен минејсредмомакедонски кирилски ракопис.[1] Минејот е пергаментен ракопис од 13 век, кој е поврзан со глаголската писмена традиција. Во минатото се чувал во библиотеката на Скопската митрополија, но подоцна е однесен во Бугарија и се наоѓа во ракописната збирка на софиската Народна библиотека „Кирил и Методиј“ (бр. 468, Цонев, II, 522).[2] Има 279 листови и содржи, покрај преводните химнографски текстови и оригинални книжевни дела од жанрот на црковната поезија: Азбучни стихири за деновите пред Рождество Христово и за деновите пред Богојавление, со глаголска подредба на буквите, Служба за Св. Кирил Филозоф, Служба за Св. Методиј, Методиевиот канон за Димитриј Солунски, Канон за Св. Климент Римски, Претпразнични трипеснеци за Рождество Христово од Климент Охридски, Канон за пренесувањето на моштите на Св. Јован Златоуст, Канон за Архангел Михаил од Константин Презвитер, Канон за Богојавление и Канон за Воведение Богородично.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стоја Поп-Атанасова, Препис од оригинално Климентово дело во Скопскиот празничен минеј, „Македонски јазик“, LIII, 2002, 55-66.
  2. Цонев, Опис на славјанските ракописи во Софиската народна библиотека, II, Софија, 1923, 52-53;
  3. Станкова, Радослава. О Скопльской минее XIII века. – Scripta & e-Scripta, 5, 2007, 131-144.