Шафариков триод

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шафариков триодкирилски ракопис од крајот на ⅩⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅠⅠ век, од македонска редакција. Се чува во Руската национална библиотека во Санкт Петербург под сигн.: РНБ, Ф.н.И.74. Содржи посен и цветен дел. Има 157 пергаментни листа. Според јазичните особености, потекнува од Охридската книжевна школа. Текстот е многу архаичен, во него се наоѓаат цели редови испишани со глаголица. По структурата претставува полн триод, без поделба на посен и цветен циклус.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1648. ISBN 978-608-203-024-1.