Карпинско евангелие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент од Карпинското евангелие

Карпинското евангелие претставува средмомакедонски кирилски ракопис[1]. Потекнува од XIII век. Содржи 168 пергаментни листови. Пишуван е со кирилско писмо во Карпинскиот манастир, село Орах, Кумановско. Илуминацијата е богата и разновидна, а има иницијали со тератолошки, растителни или геометриски елементи. Според содржината претставува полн апракос, со евангелиски четива за сите денови во годината распоредени по редоследот на црковната година, почнувајќи од Велигден, а содржи и синаксар, т.е. календарски дел. Се вбројува меѓу македонските ракописи поврзани со Карпинскиот апостол (хронолошки се поврзуваат со ист период, но се дело на различни пишувачи) и фрагмент од ирмологиј (подоцнежен текст, пишуван од двајца пишувачи). Како кодекс од архаичен тип, според распоредот на четивата е значајно за развојот на евангелскиот превод и има особено место меѓу јужнословенските евангелски ракописи[2]. Се чува во Москва, ГИМ, збирка Хлудов 28 I 101.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Balcanoslavica. Centar za istražuvanje na staroslovenskata kultura. 1997.
  2. Десподова 1995 - Десподова В. (ред.) Карпинско Евангелие. Прилеп1. CKonje.