Левичарската партија.ПДС

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Левичарска партија.ПДС
Die Linkspartei.PDS
Die Linke.PDS logo.svg

Водач Проф. Др. Лотар Биски
Основана 17 јули, 2005
Главен штаб Клајне Александерштрасе 28 Д-10178, Берлин
Идеологија Социјализам, демократски социјализам, еврокомунизам
Партиски бои Црвена
Веб-место www.Sozialisten.de (на Левицата.)

Левичарска партија.ПДС (германски: Die Linkspartei.PDS), порано Партија за демократски социјализам (Partei des Demokratischen Sozialismus, PDS) е поранешна демократско-социјалистичка партија во Германија. Таа е претходник на Партијата за социјалистичко единство на Германија (SED, СЕД), која владеела во Источна Германија до 1990. Од 1990 до 2005, ПДС била „левичарската партија на истокот“, добивајќи минимална поддршка во западна Германија, а од 15 до 25% од гласовите во источна Германија, влегувајќи во разни коалиции (со Социјалдемократската партија на Германија). Во 2005, ПДС, преименувана во Левичарска партија, влегла во изборна алијанса со западногерманската ВАСГ (Arbeit und soziale Gerechtigkeit – Die Wahlalternative, WASG, Работничка и социјална правда - Изборната алтернатива) и добила 8.7% од гласовите на федералните избори од септември 2005.

Партијата има многу социјалпрогресивна политика. На пример, сакаат да се легализираат браковите помеѓу луѓе од ист пол и државата да обезбедува подобри услови за имигрантите.

На 16 јуни 2007, Левичарската партија.ПДС се соединила со ВАСГ, со што се формирала единствена партија наречена едноставно „Левицата.“ (Die Linke., со точка на крајот од името).

На меѓународно ниво, Левата партија.ПДС е соосновач на Европската левичарска алијанса на партии и била најголема партија во групата Европска обединета левица - Нордиска зелена левица во Европарламентот.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]