Мрежно место
Од Википедија
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Мрежно место (англиски: web site или website, англицизирано наречено: веб-сајт или вебсајт), е збирка на концептуално поврзани веб-страници, кои најчесто имаат унифициран дизајн и се најчесто но не секогаш се наоѓаат во рамките на еден именик на некој веб-опслужувач до кој се пристапува преку определена интернет-адреса (URL). При влегувањето во именикот, една од тие страници, наречена насловна, главна или почетна страница (анг. home page или homepage) е определена да се прикаже доколку експлицитно не се наведе ниедна друга.
Освен веб-страници во HTML формат, едно веб-место може да содржи низа други содржини, како мултимедијални записи (звук, видео, анимации), документи во разни формати (DOC, PDF, ODT), но и бази на податоци, апликации, компјутерски игри итн. Но исто така со помош на CGI интерфејсот да се создаваат динамички веб страници во реално време во зависност од интеракцијата со клиентот.
Целата основа на веб-страниците најчесто се заснова на јазикот за означување (HTML, акроним од англиски: hypertext markup language). Но современите веб места се засноваат на динамичко создавање на HTML страни кои се проследуваат до клиентот. Динамичкото создавање на HTML страни се изведува со таканаречени скрипт јазици на серверска страна, како што се на пример: PHP, perl, JavaScript, ASP и сл., но исто така и преку CGI интерфејсот, каде може да се користат и стандардни програмски јазици кои имаат поголеми можности за искористување на расположивите ресурси на серверската страна.
Апликации за изработка на веб страници се:
- Macromedia, група од повеќе програми за изработка на веб страници во која спаѓаат: Dreamweaver, Flash, Flash Player, [[Fireworks] итн.
- Frontpage, програм кој спаѓа во групата на програми од Microsoft.
- Pspad-програм кој освен за веб програмирање може да послужи и за пишување програми со други програмски јазици( C++, C, Java, Pascal, Python итн.)