Кузнецки Алатау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Кузнецки Алатау
Планина на Кузнецки Алатау

Кузнецки Алатау (руски: Кузнецкий Алатау) е планински венец во јужен Сибир, Русија помеѓу Кузнецката и Минусинската Котлина. Се протега 300 km долж границата на Кемеровската област со Хакасија, а достигнува височина од 2178 m. Венецот претставува дел од планинскиот систем на Централна Азија.

Овие планини се со благ облик, со стрмни западни и благи источни падини. Во шумскиот појас предоминира елката, освен го погорниот дел (1300-1900 m), кадешто предоминира пинијата. Високите предели се главно прекриени со огромни сипови од крупни камења, но на места се среќаваат делчиња со субалпски ливади, а на некои јужни масиви има грмушести тундри од лишаи и мов. Сливот на реката Кондома во Горнаја Шорија е особено интересен по липините шуми за кои се мисли дека се остаток од предплеистоценската умерена вегетација во Сибир. Ридестите предели имаат шуми со отвори од долги мешани шумски ливади.[1]

Планинскиот венец Кузнецки Алатау е составен главно од метаморфни карпи кои изобилуваат со железо, манган, нефелини и злато.

Наводи[уреди]